fbpx
logo

„Рововска дебата“ – Анализа на квалитетот на дискусијата во Собранието од јуни 2014 до мај 2015

rov

rov

Квалитетот на дебата во Собранието претставува значаен фактор кој влијае на квалитетот на донесените политички одлуки, законските решенија и можностите на парламентарниот дом да функционира како контролор на работата на извршната власт. Начинот на кој се носат одлуките во парламентот може да бидат значаен индикатор за нивото на демократијата и политичката култура во едно општетство. Истовремено, начинот на кој се носат одлуките може еднакво да влијаат на тоа дали тие ќе бидат прифатени од граѓаните како добри, нужни и долгорочни или ќе се доживеат како наметнати со можен краток животен век.

Затоа во центарот на нашиот интерес во оваа анализа е суштината на законодавниот процес во Собранието, а тоа е парламентарната дебата која се води на седниците. Имајќи предвид дека дискусијата е основната алатка со која избраните претставници ги обликуваат законите и другите одлуки со кои влијаат на животите на граѓаните и на општествените и економските процеси, логично е да се обидеме да го измериме нејзиниот квалитет.

Овој аналитички извештај ги презентра наодите од мониторингот на квалитетот на дебата во Собранието и од известувањето на медиумите за Собранието, спроведен во периодот од јуни 2014 до мај 2015 година во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“.

Целиот анализа „Рововска дебата“ е достапна на следниот линк mk al en

Поврзани објави