fbpx
logo

Повик за локални новинари и медиумски работници за учество на обука за локален инспекциски надзор

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го спроведуваат проектот „Локалните инспектори под лупа: Унапредување на законитоста и одговорноста на локалната инспекција“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот има за цел да придонесе кон унапредување на законитоста, отчетноста и интегритетот во работата на локалните инспекциски служби. Преку истражување на состојбите, надлежностите и ризиците од корупција во локалниот инспекциски надзор, проектот настојува да придонесе за поголема транспарентност и одговорност на институциите, како и за подобра информираност на граѓаните.

На 23 и 24 ноември 2026 година, на Велешко Езеро, организираме дводневна обука за новинари и медиумски работници од локалните медиуми.  На обуката, учесниците ќе се запознаат со функционирањето на локалниот инспекциски надзор и ќе добијат пристап до нови податоци што можат да им послужат како основа за истражување и подготовка на новинарски стории важни за локалните заедници.

На обуката, учесниците ќе можат:

  • Да се запознаат со правната рамка, надлежностите и функционирањето на локалните инспекциски служби;
  • Да добијат пристап до податоци за локалниот инспекциски надзор собрани од 78 општини, вклучително и информации за организацијата, капацитетите и работата на инспекциските служби;
  • Да развијат конкретни идеи за новинарски стории врз основа на достапните податоци, со фокус на прашања важни за локалните заедници.

По обуката, учесниците ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за подготовка и објавување на новинарски стории поврзани со локалниот инспекциски надзор. Бројот на стории што ќе добијат финансиска поддршка е ограничен, а изборот ќе се врши врз основа на квалитетот и релевантноста на доставените предлог-концепти. Избраните стории треба да се објават во текот на декември 2026 година.

Сите трошоци за учество на обуката, вклучително и сместување, превоз, храна и освежување, се покриени од организаторите.

Услови за пријавување

Право на учество имаат новинари и медиумски работници кои се професионално или волонтерски ангажирани во локални медиуми во Северна Македонија.

Во случај на поголем број пријавени кандидати од расположливите места, организаторите ќе ги изберат учесниците според географската застапеност, за да се опфатат што поголем број општини и локални заедници.

Од учесниците се очекува да присуствуваат на завршната проектна конференција која ќе се одржи во декември, а за која ќе бидат покриени патни трошоци од организаторот.

Пријавувањето се врши преку следниот линк, најдоцна до 16.11.2026:

За дополнителни информации и прашања можете да се обратите на gvasilev@idscs.org.mk.

 

 

 


 

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

Настани поврзани со проектот

Поврзани објави