fbpx
logo

Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми.

Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, Штип, Струга и Струмица; како и вработените во Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Министерството за локална самоуправа, Министерството за јавна администрација, Министерството за дигитална трансформација, Државниот завод за ревизија и Бирото за јавни набавки, кои имаат заснован редовен работен однос од најмалку две години.

Стипендиската програма има за цел да придонесе кон зајакнување на професионалните капацитети на вработените, подобрување на квалитетот на нивната работа и унапредување на интегритетот, транспарентноста, отчетноста и доброто управување. Кандидатите можат да аплицираат за обуки и курсеви кои се поврзани со нивното работно место, работните задачи и целите на програмата.

Програмата се реализира во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), со финансиска поддршка од владите на Швајцарија и Шведска, а стипендиската програма е администрирана од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Ги повикуваме заинтересираните вработени во наведените општини и институции, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендиите, условите, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата и документите прикачени во прилог.

Апликацијата и сите придружни документи потребно е да ги доставите електронски на адресата stipendiska.programa@idscs.org.mk, со назнака „Апликација за стипендиска програма – Заедници со интегритет“, најдоцна до 28 декември 2026 година, до 23:59 часот. Нецелосните апликации и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Доколку сте вработен/а во некоја од наведените општини или институции и сакате да аплицирате за стипендија за професионално усовршување, во продолжение можете да ги преземете сите документи поврзани со повикот.

Анекс 1 – Апликација за професионален развој Стипендиска програма за професионално усовршување во рамките на проектот „Заедници со интегритет“

Анекс 2 – Препорака од претпоставено лице

Повик за аплицирање стипендиска програма Заедници сo интегритет

Предлог листа на релевантни ИТ и AI курсеви

Предлог области за Програма Заедници со интегритет

Програма за доделување стипендија Заедници со интегритет

 

Поврзани објави