Новиот извештај на Институтот за демократија нуди прецизен преглед на тоа колку земјата напредува во исполнувањето на своите обврски во рамки на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западен Балкан, со фокус на областите дигитализација и декарбонизација.
Клучни наоди од извештајот:
Дигитализација
- 99,48% од населението има пристап до фиксна широкопојасна мрежа, но ултра-брзиот интернет и 5G сè уште не се развиени.
- Недостасува акциски план за дигитално образование, иако ИКТ стратегијата (2023–2028) ги предвидува дигиталните вештини како приоритет.
- Роаминг цените меѓу ЕУ и Западен Балкан ќе се намалуваат до 2027, со цел приближување до домашните тарифи.
Декарбонизација
- Зависноста од јаглен сè уште е пречка, и покрај засилените инвестиции во сончева и ветерна енергија.
- Националниот план за енергија и клима е усвоен, но имплементацијата на реформите е бавна и нецелосна.
- Имплементацијата на директивите за енергетска ефикасност на зградите е во тек, но нецелосно усогласена со стандардите на ЕУ.
Прочитајте повеќе: Извештај од набљудување на акциските планови на Заеднички регионален пазар: област дигитализација – Зелена агенда: област декарбонизација
Настани поврзани со проектот
Настан на ИДСЦС во Собрание: До каде сме со прогресот во Берлинскиот процес во однос на зелената агенда и заедничкиот регионален пазар?
04.09.2024Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) организираше настан...
Извештај од набљудување на акциските планови на Заеднички регионален пазар: област дигитализација – Зелена агенда: област декарбонизација
02.09.2024Лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна...
Истражување за проценка на потребите од вклученост на парламентите од земјите од Западен Балкан во Берлинскиот процес
29.12.2023Вклучувањето на пратениците и на вработените лица во парламентот во...
Извештај од набљудување на акциските планови за Заеднички регионален пазар – Регионална дигитална област и Зелена агенда – Област декарбонизација
27.12.2023Лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна...
Роамингот е една од многуте придобивки за граѓаните од Берлински процес
11.12.2023Институтот за демократија денеска го одржа настанот „Придобивките од Берлинскиот...
Улогата на парламентите на Западен Балкан во Берлински процес, тема на настанот кој ИДСЦС го организираше во Собрание
12.09.2023Институтот за демократија на 12 и 13 септември беше домаќин...