logo

Парламентарна дипломатија: Регионална соработка преку зајакнат парламентарен дијалог

Share on facebook
Share on twitter

Овој проект ќе придонесе за сеопфатни напори за зачувување на демократските принципи на проверки и рамнотежа, како и за подобрување и промовирање на демократијата во регионот преку засилена регионална соработка на парламентарно ниво. Проектот дополнително придонесува за принципите на Берлинскиот процес, кој работи на зајакнување и забрзување на регионалната интеграција од 2014 година, како и на забрзување на општото усогласување на регионот со принципите на ЕУ. Во оваа насока, проектот генерално се фокусира на Берлинскиот процес со посебен фокус на Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда. Сепак, посветеноста на повеќе нивоа ќе придонесе до создавање на локална сопственост и понатамошно преземање на обврските од Берлинскиот процес. На овој начин се очекува овој проект да го зајакне учеството на парламентите во промовирањето на регионалната агенда.

Главна цел на проектот е да се подобри регионалната соработка на повеќе нивоа со цел да се консолидира и да се одржи динамиката на процесот на европска интеграција.

Вклучувањето на парламентот во обврските од Берлинскиот процес ќе биде од дополнителна вредност за овој процес, а ќе ја зајакне и улогата на парламентот во процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан. Преку развивање на капацитетот на пратениците и парламентарниот персонал за вршење надзор и создавање нови патишта за регионална соработка на парламентарно ниво, проектот има за цел да го зајакне системот на проверки и рамнотежа помеѓу законодавната и извршната власт, а со тоа да поттикне поголема координација над овластувањата меѓу двете гранки на владата за важни национални одлуки и одлуки во законодавството во процесот на усогласување со ЕУ.

Проектот ќе биде имплементиран од шест партнерски организации во земјите од Западен Балкан. Носител-организацијата на проектот е Институтот за демократија (ИДСЦС). Останатите партнери се Институт Алтернатива од Црна Гора, Институтот за политички науки од Албанија, Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) од Србија, Демократски институт – Косово и Мрежата на прогресивни иницијативи од Босна и Херцеговина.

  • Активности предвидени во рамки на проектот се:
    Иницијален состанок во Скопје
  • Мапирање на релевантни чинители во Берлински процес
  • Прашалник за проценка на потребите на членовите на парламентите
  • Меѓупарламентарни тематски средби 1) Форумот на граѓанско општество на Самитот на Берлински Процес во Албанија во октомври 2023 2) Тематска средба за заеднички регионален пазар во Црна Гора 3)Тематска средба за зелена агенда во Босна и Херцеговина
  • Три национални настани со пратеници, стручна служба и релеватни чинители
  • Полугодишни мониторинг извештаи за имплементација на договорите од Берлински процес
  • Активности за надзор на имплементацијата на договорите од Берлински процес извршени од пратеници, со поддршка на партнерските организации

 

Период на имплементација: 24 месеци
Проектот е поддржан од Германското сојузно министерство за надворешни работи.
Одобрен фонд на средства: €349.410.66

Поврзани објави