Проектот „Развој на капацитети, соработка и култура во надзорот врз безбедносните сектори во Албанија, Косово и Северна Македонија (ДЕКОС)” цели кон зајакнување на парламентите, граѓанските организации и останатите чинители во остварувањето на демократски надзор врз безбедносниот сектор. За остварување на целите, проектот вклучува активности за градење на капацитетите, зајакнување на соработката и поттикнување на култура на надзор врз безбедносните секотори во Албанија, Косово и Северна Македонија.

Проектот се состои од 2 компоненти: градење на капацитети и истражувачка компонента.

При градењето на капацитетите, проектот применува три методи: 1. Одржување на 16 национални обуки за парламентарните служби; претставниците на граѓанскиот сектор, народниот правобранител и ревизорските институции. Обуките се засноваат на интерактивен пристап, и се состојат од работилници и учење преку практична работа. 2. Организирање на 5 регионални обуки со цел размена на искуства и дискусии за заедничките предизвици на таргет групите во трите држави. 3. Пратениците и претставниците на народниот правобранител и ревизорските институции ќе ја имаат можноста да бидат обучени на работното место од страна на колеги од земјите члекни на Европската Унија.

Истражувачката компонента започнува со длабинска анализа на околностите и потребите на албанските, косовските и македонските актери кои вршат надзор врз безбедноста. При анализата на потребите, како и во останатите истражувања, проектните партнери ќе го анализираат надзорот врз безбедносниот сектор во сите три држави. Наодите од истражувањата ќе бидат искористени за креирање на првата компонента -градење на капацитетите, согласно специфичните потреби на таргет групите. Проектот ќе произведе низа на студии на случај, тематски билтени и прирачници.

ДЕКОС е насочен кон неколку надзорни тела: парламентите, со посебен фокус на комисиите за внатрешни работи, одбрана и национална безбедност/контраразузнавање; народниот правобранител и ревизорските институции; граѓански организации, вклучувајќи тинк-тенк, невладини и организации кои работат во доменот на заштита на човековите права; и останати надзорни тела, како државни тела за спречување на корупцијата.

Цели на проектот: Зајакнување на парламентите, граѓанските организации и останатите чинители во остварувањето на демократски надзор врз безбедносниот сектор.

Времетраење на проектот: три години, август 2019 – јули 2020

Донатор: Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија

Партнери: Центарот за европски безбедносни студии од Холандија, албанскиот Институт за политички студии; Институтот за демократија и медијација од Албанија; косовскиот Институт за истражување и развој на политики.

Настани поврзани со проектот

item

Подобрување на положбата во врска со информациите во парламентите во Албанија, Косово и Северна Македонија

Како и во повеќето земји, и парламентите во Албанија, Косово и Северна Македонија се засегнати од парадокс со информации: парламентарците се преплавени со информации, а има недостиг од конкретни информации врз основа на кои можат да ја базираат работата. Во период кога станува сѐ потешко да се прави разлика...

item

Зајакнување на надзорот над разузнавањето во Албанија, Косово и Северна Македонија

Иако е голем предизвик да се воспостави демократски надзор над разузнавачката заедница во демократиите во развој како Албанија, Косово и Северна Македонија, тоа е сепак од суштинска важност. Во секоја држава разузнавачките служби обично имаат неспоредливи овластувања за собирање, анализа, ширење, управување и класифицирање информации. Затоа ваквите служби може...

item

Влијанието на Ковид-19 на владеењето и демократскиот надзор: Случаите на Албанија, Косово и Северна Македонија

Пандемијата на Ковид-19 тешко го погоди Западниот Балкан. Не само што ова беше (и уште е) закана за здравјето и благосостојбата на граѓаните, туку е и искушение за младите демократски институции. Владините чекори за борба против Ковид-19 и последователниот надзор беа отежнати поради политички немир: во албанскиот парламент нема...

item

ИДСЦС и ЦЕСС спроведоа интервјуа со засегнати страни поврзани со надзорот над безбедносниот сектор

Во рамки на истражувачката компонента на проектот “Развој на капацитети, соработка и култура во надзорот врз безбедносните сектори во Албанија, Косово и Северна Македонија (ДЕКОС)”, во периодот од 2 до 6 декември 2019, беа реализирани состаноци и интервјуа со различни засегнати страни од областа на надзорот над безбедносниот сектор...

item

Развој на капацитети, соработка и култура во надзорот врз безбедносните сектори во Албанија, Косово и Северна Македонија (ДЕКОС)