Borjan Gjuzelov ASN Convention_May 2017_2

 

Борјан Ѓузелов, надворешен соработник на истражувања на ИДСЦС, ги презентираше првичните наоди од студијата „Политички клиентелизам во Западен Балкан: Перпетум мобиле за изборен реизбор?“ на 22-та светската конвенција на Асоцијацијата за изучување на националностите која се одржува од 4 до 6 мај 2017 го Њујорк, САД.  Истражувањето дава осврт на клиентелистичките практики во државите од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија Србија и Хрватска,  акцентирајќи го јазот меѓу слабото спроведување на законите и неформалните пракси и очекувања на граѓаните. Истражувањето прави разлика помеѓу изборниот ад хок клиентелизам базиран на еднократна размена на средства за изборна поддршка (т.е. купување на гласови) и континуираниот релациски клиентелизам базиран на долгорочна лојалност изградена врз база на различни форми на злоупотреба на јавните добра за партиски интереси (пр. партиски вработувања, злоупотреба на јавни набавки и слично).

Ѓузелов моментално е на докторски студии во сферата на политичките науки на Универзитетот Квин Мери во Лондон, Велика Британија, а со ИДСЦС соработува како истражувач на меѓународениот научен проект ИНФОРМ “Намалување на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот”. Неговиот докторат ја опфаќа еволуцијата на неформалните институции и „телефонска правда” во Македонија во последните три децении од доцниот југословенски социјализам и раната транзиција до денешното доба на ЕУ интеграција.

Borjan Gjuzelov ASN Convention_May 2017_1

Истражувањето за политички клиентелизам е спроведено во рамките на меѓународениот научен проект ИНФОРМ кој е дел програмата за научно истражување и иновација ХОРИЗОНТ 2020 финансирано од Европската унија.

Проектот ИНФОРМ е спроведуван од повеќе од 40 истражувачи од 9 партнерски организации во 9 држави под раководство на Школата за словенски и источно европски студии од Универзитетскиот Колеџ Лондон (Велика Британија). Покрај Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје партнери на проектот се: Институтот за етнологија и фоклор (Хрватска), Универзитетот на Марибор (Словенија), Центарот за применети интердисциплинарни општествени истражувања (Босна и Херцеговина), Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Центарот за историски и антрополошки истражувања (Албанија), Социјално истражување Косово (Косово) и Рига Страдинш Универзитетот (Латвија).

„ИНФОРМ: Затворање на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“