cadori

cadori

Преглед на студии на случаи

Во првата година од активностите истражувачите на ИНФОРМ изработија 5 студии на случаи за неформалните практики во четири области: политика, економија, односите меѓу јавноста и институциите и уредувањето на меѓусебните односи.

Во политичката сфера, нашата студија за изборните практики истражува различни практики од оние кои може да се опишат како примери за коруција(купување на гласовии феудална партизација на јавните институции) па се до неформалната распределба на бенефиции како финансирање на проекти или издавање на дозволи во периоди непосредно пред или по избори. Наодите навестуваат дека засилувањето на закондавството и засилената примена на законите во однос на оваа корупција најверојатно нема да бидат доволни мерки. Концентрацијата на политичка и економска моќ во рацете на политичките партии им овозможува да ги издигнат како приоритети лојалноста, врските и познанствата пред носењето на одлуки засновани на знаење. Во одредена мера, клиентелистичките практики може да се опишат како наследени од претходниот еднопартиски систем, но со важна разлика дека во повеќепартискиот систем се создадени повеќе патишта за приватизација на јавните добра. Овие патишта некогаш се јавуваат како конкурентни еден на друг.

Студијата на случај за „лидерските средби“ ги потенцира моментите во кои околу високо конфликтни политички прашања партиските лидери често прибегнуваат кон заобиколување на легалните институции за носење одлуки и постигнуваат компромиси преку приватни договори од кои голем дел се постигнуваат во средини како ресторани. Оваа неформална практика често охрабрена од дипломатите од Европската Унија и Соединетите Американски Држави за да постигне придобивки на краток рок околу решавање на некое итно прашање често ги маргинализира долгорочните формални институции создадени да гарантираат дебата и учество на јавноста.

overview
Во економската сфера, нашите истражувачи се обидоа да ја измерат цената на неформалните начини со кои бизнисмените одржуваат бизнис односи и со кои одржуваат врски со вработени во јавните институции. Истражувачите на ИНФОРМ скоро во секоја земја во која истражуваа се сретнаа со стопанственици кои кон одржувањето на неформални односи и врски гледаат како на економска неопходност. Трошоците за ручеци, кафиња, подароци и друга размена на вредности ако се гледаат како трошоци за трансакции се значителни во сите случаи. Овие трошоци се релативно поголеми и поверојатно е дека се плаќаат од џеб почесто од страна на млади и помалку етаблирани претприемачи кои делумно работат во помали или понови фирми. Во таа насока трошокот за одржување на овие мрежи може да претставува пречка за економската активност. Меѓу стопанствениците постои скоро едногласност дека е потребно да постојат ефикасни, предвидливи и сигурни регулаторни системи. Наодите од оваа студија на случај укажуваат дека припишувањето на неформалната практика какo одраз на некаква „Балканска дружељубивост“ е повеќе стереотип отколку издржано објаснување. Во суштина, поголем дел од парите и времето кои се инвестираат во она што се чини како дружење на бизнисмените всушност се активности за решавање на проблеми.

Во областа на интеракциите меѓу јавноста и институциите, истражувачите на ИНФОРМ ја разгледуваат политичката и економската улога која ја имаат заедниците на мигрантите и повратниците од странство во нивните матични држави. Додека многу од повратниците се враќаат навикнати на поформално и потранспарентно регулирани системи од подрачјата во кои емигрирале, во нивните матични земји сите се потпираат на неформални мрежи, врски и познанства за да ја воспостават нивната улога и присуство…

Истражувачите го разгледуваа и полето на регулација на меѓучовечките односи низ призмата на домашното производство на месо, неформална практика која истовремено е средство за надоместување на материјална потреба и длабоко врежана во традиционалното, религиозното и заедничкото значење. Оваа пракса силно се обесхрабрува од страна на здравствените и земјоделските рамки на ЕУ, но во студијата се забележува високо ниво на селективно и делумно спроведување на рестрикциите. Дел од јазот меѓу формалните правила и неформалните практики особено во однос на хуманиот третман кон животните повеќе произлегува од ограничените ресурси кои им стојат на располагање отколку од однесувањето на луѓето. Истражувањето исто така индицира шема во која државата доброволно ги усвојува рестриктивните правила, некогаш дури и надминувајки го она што го бара ЕУ, за потоа да ги компензира предвидените потешкотии преку лабаво спроведување на законите…

Ерик Горди, проектен координатор на ИНФОРМ, UCL School of Slavonic and East European Studies

Целосниот билтен од истражувањата во рамки на проектот ИНФОРМ со поопширни објаснувања на наодите од студиите се достапни на следниот линк:

ИНФОРМ Билтен #1

Повеќе информации за проектот ИНФОРМ се достапни на следниот линк:

„ИНФОРМ: Затворање на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“