klub-vselenski
Aнализата на „лидерските средби“ (пракса на разрешување на сериозни политички расправи на приватни средби на партиски лидери притоа заобиколувајќи ги законодавните и останатите формални институции кои носат одлуки) во четири балкански земји покажуваат дека оваа пракса иако е ефикасна исто така е поврзана со сериозен недостаток на транспарентност и јавност.„Лидерските средби“ се одржуваат зад затворени врати далеку од очите на јавноста и без да се земат предвид гласовите на граѓаните. „Лидерските средби“ го преместија носењето на одлуките од формалните канали во неформални. Иронично, „лидерските средби“ најчесто се применуваат од страна на меѓународни актери кои формално бараат демократија, владеење на право и транспарентност.

Во Југоисточна Европа, застоjот во политичките процеси на носење на одлуки и кршливоста на формалните политички институции доведоа до развој на неформалниот механизам наречен „лидерски средби“.

Како неформална пракса во политичката област, „лидерските средби“ претставуваат точка каде формалните процеси доживуваат несупех во разрешувањето на еден проблем и празнината ја заземаат неформални процеси во обид да се дојде до решение. Интересно е што често самите лидери не се директно вклучени во преговорите околу различни аспекти од прашањата кои се разгледуваат. Таквите точки се дискутираат од преговарачи кои се однесуваат како посредници кои се консултираат со лидерите во преговарачкиот процес. Многу често надворешните актери (често претставници на Европската Унија и САД или претседателот на земјата) се повикани да ја преземат улогата на преговарачи со цел да се обезбеди дека договореното ќе биде и почитувано.

Нашата студија на случај ги истражува ваквите средби како неформална практика во преговорите и во делиберацијата во време на политички превирања кои често се иницирани и посредувани од меѓународни актери кои исто така ги обликуваат и исходите од средбите. Тие досега послужија како начин за брзо санирање на големи политички прашања и кризи. Фокусирајќи се на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија, студијата покажува дека неформалноста во политиката е преработена преку интервенциите на меѓународната заедница.

leaders-m

Навистина, лидерските средби се покажаа како успешни во запирањето на проблематични политички прашања и во затворање на политички кризи. Во Албанија, лидерските средби станаа повеќе правило отколку исклучок за време на реформата на правосудството и имаа огромно внијание врз политичкиот живот. Политичките процеси во Босна и Херцеговина откако земјата западна во застој во процесот на приближувањето кон ЕУ исто така доведоа до неформален приод  во разрешување на политичкиот ќор сокак.

Во Македонија беа свикани бројни „лидерски средби“, често водени и олеснувани од меѓународни актери вклучувајќи ги и ЕУ комесарот Јоханес Хан и неколку членови на Европскиот парламент.

Мекиот притисок на меѓународната заедница беше помалку јавно видлив во случајот со Косово. Во периодот од јули до декември 2014 се случија неколку лидерски средби меѓу партиските коалиции. За разлика од случаите во Албанија, БиХ и Македонија средбите во Косово не беа олеснувани ниту свикани од амбасадорот на САД или на некоја од земјите членки на ЕУ. Сепак, медиумите пробивањето на пост-изборниот политички застој му го припишаа на амбасадорот на германското Министерство за надворешни работи задолжен за Југоисточна Европа.

Тоа што нашата студија има намера да го потенцира е дека е важно овие успешни приказни да се сместат во контекст на проширувањето на ЕУ. Успесите на „лидерските средби“ почиваат на користењето на условувањето на ЕУ со оглед дека Албанија, БиХ, Косово и Македонија се стремат кон членство во Унијата.  Истовремено, лидерските средби ги придвижија и формалните политички процеси поставувајќи ја неформалноста како комплементарен тип на процес на носење на политички одлуки.

Уставните рамки не го заштитија формалниот процес на носење на одлуки, па неформалните лидерски средби како интервенции во политичката област имаат трајно влијание врз легитимноста на политичките уредувања и демократијата.

Целосниот Билтен со преглед на сите истражувања кои се спроведуваат в првата година од проектот ИНФОРМ е достапен на следниот линк на англиски јазик:

ИНФОРМ Билтен #1

Повеќе информации за проектот ИНФОРМ се достапни на следниот линк:

„ИНФОРМ: Затворање на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“