Институтот за демократија е избран да учествува во “Think and Link” Регионалната програма за политики на Европскиот фонд за Балканот. Во рамките на оваа програма Институтот за демократија ќе работи на истражување и ќе подготви студија за јавна политика на тема „Дали антикорупцискиот модел носи резултати во Македонија?“. Студијата ќе ја анализира ефективноста на постоечкиот антикорупциски модел во Македонија, ќе ги мапира клучните институции кои ја движат или ја успоруваат борбата со корупцијата и ќе разгледа алтернативни модели кои се применети во други земји. Во рамките на истражувањето, студијата ќе предложи конкретни препораки за унапредување на антикорупцискиот модел во Македонија. Истражувањето ќе започне на 1 мај 2012 и ќе се реализира во период од 6 месеци. Истражувачи на овој проект се Илина Мангова и Миша Поповиќ.
Во прилог можете да го погледнете официјалното известување: http://balkanfund.org/programme-areas/envisioning-europe/think-link-regional-policy-programme/think-link-2011-2012/
Настани поврзани со проектот
Дали антикорупцискиот модел дава резултати во Македонија? – Клучни фактори кои го прават еден модел успешен
22.03.2013Оваа студија за националната политика за антикорупција го поставува прашањето...