Голем пад во перцепцијата на граѓаните за влијанието на ЕУ во Северна Македонија

Новата блокада на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не ја промени значително поддршката за членство во ЕУ. Во 2021 година, 68% од населението ја поддржува идејата за членство во ЕУ, но македонските граѓани не се доволно информирани во врска со траекторијата и временската рамка на процесот на пристапување. Мнозинството граѓани сметаат дека Северна […]
Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија

Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија
ИДСЦС и КАС ја одржаа конференцијата „Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”

Институт за демократија во соработка со Фондација Конрад Аденауер денеска ја организираше онлајн конференцијата „Пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”. Конференцијата имаше за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна […]
Угоре високо, удолу длабоко: За потребата од широк консензус во состојба на безизлезност

Во текот на најголемата здравствена и економска криза со која земјата се соочила во трите децении од самостојноста, внатрешните политички текови заземаат загрижувачки насоки и го туркаат општеството кон длабока општествена, политичка и меѓуетничка нестабилност. Институтот за демократија апелира до сите политички чинители и партиски лидери, за одговорен и државнички однос кон сите предизвици на […]
Коментар на ИДСЦС, ЕВРОТИНК и Еко-свест: Што кажува извештајот на Европската комисија и што треба да направиме?

На 6-ти октомври оваа година, Европската комисија (ЕК) го претстави извештајот за Северна Македонија, 2020. Генералната оцена е дека земјава позитивно се издвојува од останатите земји од Западен Балкан. ЕК забележува најголем напредок во исполнувањето на реформите посочени од Советот во заклучоците од јуни 2018. Овогодинешниот извештај е објавен заедно со новиот Економски и инвестициски […]
ИДСЦС го организираше третиот Тинк Тенк Форум „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, од 8 до 10 март го организираше третиот Тинк Тенк Форум Западен Балкан со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“. Форумот кој траеше три дена е дел од програмата на ко-претседателството на Северна […]
Улогата на Собранието во новиот пристап за преговарање кон ЕУ

На почетокот на февруари 2020 година, Европската комисија ги соопшти контурите на предлогот на новата преговарачка методологија со земјите од Западен Балкан. Методологијата е резултат на потребата да постои процес кој ќе обезбеди дека идните членки нема да бидат земји со значајни проблеми во демократското управување и владеењето на правото. Најголемата промена во процесот на […]
Паѓа кредибилитетот на ЕУ, но сѐ уште се смета за најголем сојузник на државата

Иако сѐ уште е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и важноста на ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата (во 2018, 72% од испитаниците се изјасниле дека би гласале на референдум за влез во ЕУ, додека 2019 така одговориле 65%). Во 2018 […]
Одржана работилница за новиот предлог на Европската комисија за методологија за пристапни преговори

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во соработка со г. Франсоа Лафонд, советник на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, денеска (07.02.2020) организираше експертска работилница на која се дискутираше новиот предлог на Европската комисија за методологија за пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во детали беше разговарано […]