fbpx
logo

Реакција на Институтот за демократија за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска: Насилството не смее да се оправдува, повикуваме на одговорност и целосно расчистување на случајот

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Насилството врз јавни функционери, особено кога се случува за време на вршење на службени овластувања и во присуство на институции задолжени за јавна безбедност, претставува сериозна закана за владеењето на правото, демократијата и човековите права. […]

Реакција: Законот за висока раководна служба да се донесе пред парламентарните избори

Донесувањето на Законот за висока раководна служба ќе донесе стандарди за професионализација на високата раководна служба и претставува чекор напред кон решавање на долгогодишен проблем со назначувањето на директори и раководители во Република Северна Македонија. Подготовката и донесувањето на Законот се провлекува веќе неколку години наназад, а одговорноста за ова се префрла низ различни институции. […]

ИДСЦС го осудува насилството на протестите: Општествениот консензус треба да се изгради преку разумен и информиран дијалог

Институт за демократија го осудува насилството и говорот на омраза на вчерашните протести и ги повикува граѓаните да останат смирени и да се воздржат од насилство. Мирни протести се основа на секоја демократија. Граѓаните имаат право да го искажат своето мислење преку протест, но не и право да се вклучуваат во деструктивни и насилни акти.  […]

Придонес кон тековните јавни консултации за предлог преговарачката рамка за Северна Македонија за пристапување во ЕУ

Македонско – бугарските преговори и договори не смеат повеќе да бидат тајни. Преку отфрлањето на „францускиот предлог“ за кој првично се заложи премиерот и очигледно доминантен дел од нашето општество, мора да изградиме нов став со широк општествен консензус за каков било иден аранжман, којшто ќе биде заснован на темелни дискусии. Во тековниот предлог, преговорите […]

БУГАРСКОТО ВЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: КАКВО ЈАБОЛКО МОЖЕ ДА ЗАГРИЗЕ МАКЕДОНИЈА?

Какво и да е решението со Бугарија, тоа мора: Да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Северна Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; Да спречи можност за нови блокади на […]

Угоре високо, удолу длабоко: За потребата од широк консензус во состојба на безизлезност

Во текот на најголемата здравствена и економска криза со која земјата се соочила во трите децении од самостојноста, внатрешните политички текови заземаат загрижувачки насоки и го туркаат општеството кон длабока општествена, политичка и меѓуетничка нестабилност. Институтот за демократија апелира до сите политички чинители и партиски лидери, за одговорен и државнички однос кон сите предизвици на […]

Реакција на Институт за демократија за исходот на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во 2020 во Загреб

Среде несигурноста и пресвртот на тековната криза предизвикана од Ковид-19, шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ и државите од Западен Балкан се состанаа виртуелно на 6-ти мај, 2020 за да го одржат онлајн Самитот за Западен Балкан ко-организиран од Европскиот совет (предводен од Шарл Мишел) и Европската комисија (претставена од Урсула фон […]

(Не)одговорноста на институциите за најранливите граѓани во услови на криза

КОВИД-19 не одбира кого ќе зарази, не дискриминира, но последиците – здравствени, социјални и економски – не се исти за сите. Не се исти можностите за спроведување на превентивните мерки за заштита од зараза, одржување на хигиената, физичката оддалеченост и самоизолација доколку има потреба. Ранливите и маргинализирани групи граѓани немаат еднакви можности да се заштитат […]

Граѓанските организации ја повикуваат владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година. Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, […]