fbpx
logo

Повик за текстови за „Политичка мисла“ бр.58

„Политичка мисла“ е стручно тематско списание за политички и социјални прашања. Меѓународниот уредувачки одбор на списанието го објавува отворениот повик за текстови за претстојните изданија кои може да бидат од областите на политичките науки, економија, меѓународни односи, социологија, антропологија, европски и безбедносни студии. Заинтересираните може да предложат теми од македонска, регионална или меѓународна перспектива. Крајниот […]

ИДСЦС и ЦЕСС спроведоа интервјуа со засегнати страни поврзани со надзорот над безбедносниот сектор

Во рамки на истражувачката компонента на проектот “Развој на капацитети, соработка и култура во надзорот врз безбедносните сектори во Албанија, Косово и Северна Македонија (ДЕКОС)”, во периодот од 2 до 6 декември 2019, беа реализирани состаноци и интервјуа со различни засегнати страни од областа на надзорот над безбедносниот сектор во Република Северна Македонија. Интервјуата ги […]

ИДСЦС организираше тркалезна маса „Значењето на уставната жалба за заштитата на граѓаните и за развојот на националното право“

На 04 декември во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, во организација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Германската фондација за Меѓународна правна соработка (ИРЗ) се одржа затворена тркалезна маса на тема „Значењето на уставната жалба за заштитата на граѓаните и за развојот на националното право“. На оваа тркалезна маса, поддржана од […]

Ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлински процес го отвара патот за поблиска соработка помеѓу регионот и ЕУ

Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), координатор на Тинк Нет Мрежата на Југоисточна Европа (SEE Think Net), денеска во Министерството за надворешни работи го организираше настанот „Научени лекции од Познањ 2019: Во очекување на ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020“. Настанот, кој имаше за цел да се осврне […]

Што кажаа јавните претпријатија за јавните претпријатија?

  Јавните претпријатија претставуваат институции со кои граѓаните секојдневно се среќаваат. Во таа смисла, тие имаат значаен удел во односот на граѓаните кон јавната власт, бидејќи го обликуваат задоволството или незадоволството од јавните услуги. Оттука, исклучително е важно да се работи континуирано на нивно подобрување и поефикасно работење. За таа цел, ИДСЦС разговараше со низа […]

Повик за услуги – изработка на анимирано видео

Повикот за изработка на анимирано видео е во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство, имплементиран од Институт за демократија ˶Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот […]