
Во Македонија, голем број на граѓански организации се занимаваат со обезбедување на услуги во различни области. Истражувањето кое претходеше на подготовката на овој документ за јавна политика ги опфати граѓанските организации кои обезбедуваат услуги во социјална заштита и помош, образование, здравство и бесплатна правна помош. Услугите кои овие организации ги доставуваат до целните групи во голема мера се обврска на државните институции и во многу различни активности воочливо е надополнување меѓу тоа што го прават државните институции и граѓанските организации.
Активностите кои државните институции ги спроведуваат не се секогаш поткрепени со соодветна анализа на потребите на корисниците, како ни со соодветна алокација на финансиски, експертски и други капацитети. Тоа остава можност за учество на граѓанските организации со ефект на надополнување на напорите на државните институции. Вакви ситуации типично се сретнуваат во локални средини каде државните институции не оперираат, односно капацитетот за спроведување активности е помал. Следствено, тој недостаток се дополнува со активности спроведени од граѓанските организации.
Меѓутоа, земено севкупно, државата сѐ уште не воспоставила механизми според кои граѓанските организации ќе бидат признаени како релевантни партнери во доставувањето на услуги.
Прочитајте го целиот краток документ за политики на Јован Близнаковски и Христијан Петрушев на следниот линк ![]()