fbpx
logo

Пред членството: Истражување на можностите за постепена интеграција на Северна Македонија

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) го спроведува проектот „Пред членството: Истражување на можностите за постепена интеграција на Северна Македонија“, со поддршка на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

Проектот има за цел да ги идентификува и анализира можностите за постепено вклучување на Северна Македонија во политиките, програмите, агенциите и пазарите на Европската Унија пред полноправното членство. Преку истражување, соработка со релевантните чинители и застапување засновано на докази, проектот ќе придонесе кон утврдување конкретни приоритети и чекори за поефикасно искористување на достапните механизми за европска интеграција.

Во рамките на проектот ќе се спроведат следните активности:

  • Мапирање на можностите за постепена интеграција, преку изработка на сеопфатен преглед на инструментите, програмите и механизмите на ЕУ достапни за Северна Македонија, вклучувајќи ги условите за пристап и досегашното учество.
  • Формирање експертска работна група, составена од претставници на граѓански организации, академската заедница, деловниот сектор и секторски експерти, која ќе придонесе кон утврдување на приоритетите и подготовка на препораките.
  • Изработка на три секторски анализи, кои ќе ги идентификуваат можностите, институционалните и регулаторните пречки и потребните чекори за подлабока интеграција во избрани области.
  • Подготовка на Агенда за постепена интеграција, која ќе ги поврзе реформските обврски со конкретните можности за пристап до механизмите на ЕУ и ќе понуди приоритетни препораки за надлежните институции.
  • Застапување и дијалог со националните и европските институции, вклучувајќи работна посета на Брисел, консултации и средби за претставување на препораките.
  • Развој на јавно достапна онлајн алатка за следење на постепената интеграција, која ќе овозможи преглед на достапните механизми, степенот на учество на Северна Македонија и преостанатите услови за пристап.
  • Јавна комуникација и промоција на резултатите, преку политички брифови, инфографици, видео и јавен настан, со цел можностите и придобивките од постепената интеграција да станат поразбирливи и подостапни за граѓаните и деловниот сектор.

 

Преку овие активности, проектот ќе придонесе кон потранспарентен и поинклузивен процес на европска интеграција, зајакнување на улогата на граѓанското општество и подобро информирано креирање политики за искористување на можностите што ги нуди ЕУ пред членството.

Период на имплементација: 1 ноември 2026 – 31 октомври 2027 година.

Донатор: Фондации Отворено општество – Западен Балкан (Open Society Foundations – Western Balkans).

Вкупен буџет: 24.990 американски долари.

Поврзани објави