fbpx
logo

Учеството на граѓаните во процесот на спроведување на политики: Онлајн платформа за унапредување на транспарентноста и вклученоста во спроведувањето на Реформската агенда на Северна Македонија

Проектот придонесува кон развој на дигитален јавен портал за информирање и подобрување на комуникацијата околу Националната реформска агенда на Северна Македонија. Реформската агенда е дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, финансиски инструмент воспоставен во 2024 година за поддршка на спроведувањето на социо-економски и фундаментални реформи во земјите од Западен Балкан кои се во процес на пристапување во ЕУ. Агендата ги опфаќа клучните реформи во јавната администрација, владеењето на правото, човековите права, образованието, зелената транзиција и дигитализацијата – реформи со потенцијално позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните на Северна Македонија.

Дигиталната платформа, која ќе биде имплементирана на веб-страницата на Министерството за европски прашања, ќе ги информира граѓаните и другите чинители за Реформската агенда и ќе поттикне нивно активно учество во нејзиното спроведување. Со оглед на тоа што процесот на Реформската агенда е мултидимензионален и сложен, особено за општата јавност, софтверскиот дизајн мора да ги земе предвид информациските потреби и комуникациските навики на граѓаните, овозможувајќи им да се информираат и суштински да се вклучат во процесот на имплементација. Со спроведување на партиципативна проценка на потребите и давање експертски препораки, проектот има за цел на порталот да обезбеди лесен пристап до информации за реформските чекори и дигитални алатки за активно онлајн учество на граѓаните.

Цели:

  • Развој на кориснички пријателски, граѓански насочен портал за подобрување на транспарентноста и учеството
  • Подобро разбирање на очекувањата на јавноста во однос на (дигиталната) комуникација на политики

 

Планирани активности:

  • Спроведување на почетно истражување за граѓанско учество и (дигитална) комуникација на политики
  • Организирање на две фокус-групи со граѓани и други чинители, како и една експертска работилница
  • Изработка на извештај со вклучени согледувања од фокус-групите и експертската работилница и формулирани препораки за имплементација на јавниот портал

 

Дигиталниот јавен портал е дел од проект на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) за развој на софтверски систем за Реформски агенди кој ќе ја олесни координацијата, комуникацијата и консултацијата со чинителите и релевантните документи за политики/реформи.

 

Период на имплементација: 01.07.2025 – 31.12.2025
Одобрен фонд на средства: 5.000 €
Донатор: Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)

Поврзани објави