fbpx
logo

Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија

Процесот на хармонизација на домашното законодавство на државата кандидат со правото на Европската Унија, која се стреми кон членство, претставува еден од основните барања за прифаќање држави кандидати како членки. Кога предлог-законот има за цел да го прилаго­ди домашното право со правото на ЕУ, честа пракса е Деловникот на Собранието на земји кандидатки да дозволува законот да се разгледува по скратена постапка. Доколку целта е хармонизација од тој тип, предлог-законот го носи знакот на ЕУ (за јавноста познат како „европско знаменце“).

Носењето закони по скратена постапка е клучен метод за ефикасно менување необемни закони и за хармонизација со законодавството на ЕУ. Сепак, широкото толкување на членот што ја дозволува по­стапката може да предизвика злоупотреба, односно свесно заобиколување на парламентарна дебата.

Целта на оваа анализа е да даде компаративен преглед на Северна Македонија со соседните земји кандидатки, Албанија и Србија, и нивните практики при носење закони по скратена постапка, со посебен осврт на закони носени со европско знаменце.

Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија

Поврзани објави