fbpx
logo

Берлински процес по Тирана 2023? Редефинирање на улогата на граѓанското општество

Овој проект има за цел да ја унапреди позицијата која граѓанските организации и тинк-тенковите ја имаат во рамките на Берлинскиот процес. Преку активностите кои се планирани, се очекува овој проект да придонесе до зајакнување на влијанието што го имаат организациите и тинк-тенковите во постојната рамка на Берлинскиот процес.

Проектот се надоврзува на Форумот на граѓанското општество 2023, организиран во Тирана 2023 година и на обемните препораки што произлегоа од седумте тематски работни групи, но проектот го зема предвид и десетгодишното постоење на Берлинскиот процес и форумите на граѓанското општество. Активностите кои се предвидени во проектот вклучуваат создавање простор за граѓанските организации и релевантните чинители да размислуваат за активностите кои поминале и да се оспособат за идните настани, почнувајќи од Самитот во Берлин во 2024 година. Целта на проектот е да се утврди ефективноста на Форумот на граѓанското општество досега и да се дискутира кој е најкорисен начин за вклучување на граѓанските организации во процесот.

Активности предвидени во рамки на проектот се:

  • Работилница на тема редефинирање на улогата на граѓанското општество во рамките на Берлинскиот процес
  • Студиска посета во Сараево и Белград
  • Студиска посета во Берлин

Период на имплементација: ноември 2023 – март 2024 година

Донатор: Фондација Отворено општество – Западен Балкан

Одобрен фонд на средства: $44.000

Поврзани објави