Постојат слабости во регулативата кои се потенцијален ризик за злоупотреба и корупција, поврзани со државното рекламирање и со платеното политичко рекламирање во медиумите. За таа цел, Институтот за демократија организираше настан каде се дискутираше за опасностите од државното и платеното политичко рекламирање со осврт на моменталните законски мерки кои не соодвествуваат со европската регулатива.
Преку државното рекламирање клиентелизмот влегува во односот меѓу државата и медиумите. Можноста да им се доделуваат државни пари на одредени телевизии во себе крие потенцијал за злоупотреби. Платеното политичко рекламирање се финансира од буџетот, но тоа не доведува до поголема одговорност кај партиите, напротив партиите закупуваат време на медиуми и кај што не им е нужно да се рекламираат или во термини кои не се воопшто гледани или слушани.
Погледнете го краткиот документ од настанот ,,Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства“ во прилог:
Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства