Kорупцијата во високото образование ја има во различни форми и се практикува на различни начини, но студентите иако во голем дел ја препознаваат, сепак не ја пријавуваат. Ова е главниот заклучок од настанот „Форми на корупција во високото образование“ што Институтот за демократија го организираше и на кој се дискутираше за облиците на корупција во високото образование и улогата на студентите во борбата против корупцијата.
И покрај загрижувачките стапки на корупција и непотизам во високото образование, големо мнозинство од студентите не се запознаени со постапките за пријавување, но и кај оние што се веќе запознаени постои голем страв од последиците по пријавувањето. За таа цел, потребна е едукација за механизмите за пријавување корупција и промоција на веќе постојните тела за пријавување, а неопходно е и воспоставување механизми за заштита на пријавувачите.
Тука погледнете го краткиот документ од настанот „Форми на корупција во високото образование“:
Форми на корупција во високото образование