logo

Висока раководна служба: Дистинкција меѓу политичкото и професионалното

Share on facebook
Share on twitter

Избор на високи раководни служби заснован на принципот на заслуги и способноста на кандидатите претставува основа за соодветно раководење со институцијата и управување со ресурсите. Професионализацијата на високата раководна служба и донесување закон што ќе ги пропишува сите стандарди на избор, селекција и работење претставува долгогодишен проблем во Република Северна Македонија.

Институциите честопати се раководени од партиски имиња со непозната професионална заднина на сметка на квалификувани професионалци со заслуги и компетенции. Недоречената правна рамка во моментов дозволува злоупотреба и распределба на позиции во нетранспарентни постапки базирани на социјалните врски. Законот за висока раководна служба, кој треба да го реши овој проблем, се подготвува неколку години, а одговорноста за негово довршување се префрла низ различни институции. Она што се очекува е решавање на долгогодишните проблеми со нетранспарентните назначувања и партиските распределби на позиции кои се основа на политички коалиции на сметка на квалитетни решенија. Законот треба да осигури дека изборот и назначувањето ќе бидат засновани на заслуги и ќе се избираат најсоодветните кандидати за одредена висока позиција.

Прочитајте го целиот документ за јавна политика тука:

Висока раководна служба: Дистинкција меѓу политичкото и професионалното

Поврзани објави