Во септември 2022 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ППП), спроведе студија со осум фокус-групи за подобро да ја истражи јавната перцепција на квалитетот на живот, политичките прашања и довербата во Северна Македонија. Студијата со фокус-групи беше спроведена во осум плански региони во Северна Македонија – Скопје (Скопскиот Регион); Штип (Источниот Регион); Гевгелија (Југоисточниот Регион); Куманово (Североисточниот Регион); Битола (Пелагонискиот Регион); Кавадарци (Вардарскиот Регион); Струга (Југозападниот Регион) и Гостивар (Полошкиот Регион).
Дискусиите во фокус-групи беа спроведени со 67 учесници, демографски поделени по возраст, род, професија, етничка припадност, место на живеење и политичка определба.
Во сите осум фокус-групи беа идентификувани некои заеднички теми, со кои можеше да се проникне во општите мислења на граѓаните што беа изразени во годишната анкета. Речиси сите учесници беа загрижени за партиската политика и раздорот што го предизвикуваат политичките партии – „меѓунас, би рекле дека тој е предавник, а другиот патриот, но тие ќе си ја тераат својата агенда“ (етнички Албанец, Куманово, 51-65), или како што сподели млад учесник од истата група „владеат со нас додека нѐ делат на Албанци и Македонци… а ги имаме истите проблеми“ (етнички Македонец, Куманово, 18-30).
Според повеќето учесници, политичките партии главно ги интересираат својата агенда и интереси, а не општото добро и благосостојбата на граѓаните – „…најголемиот дел од членовите на политичките партии само сакаат да стигнат до функција, работа, плата… воопшто не покажуваат иницијатива за да преземат нешто“ (етничка Македонка, Штип, 51-65).
Целиот извештај може да го прочитате тука: