logo

Повик за избор на Програмски директор на Институт за демократија

Share on facebook
Share on twitter

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје отвара повик за избор на Програмски директор на институтот со целосно работно време (40 часа неделно) во период од 2 (две) години со можност за продолжување.

Потребни знаења и вештини:

  • Високо образование во областа на општествените или политичките науки;
  • Најмалку 5 (пет) години работно искуство во најмалку едно релевантно подрачје (антикорупција, владеење на право, ЕУ интеграција, менаџирање на ЕУ проекти, други грантови шеми);
  • Високо ниво на познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус, подготовка на наративни извештаи, и напредни познавања на финаниски менаџмент на проекти;
  • Високо ниво на познавања на академско пишување, застапување, комуникациски вештини и способност за работа во тим;
  • Познавања на квалитативни и квантитативни методи за истражување;
  • Високо ниво на познавање на подготовка на стратешки документи и планови;
  • Способност за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

 

Предност ќе имаат кандидати со високо ниво на познавања за развивање проектни апликации, управување со проектен циклус, подготовка на наративни извештаи, и напредни познавања на финаниски менаџмент на проекти, како и кандидати кои имаат искуство во подготовка и следење на стратешки документи и планови.

Ангажманот ќе се спроведува почнувајќи од 1 јануари 2023г.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат и пропратно писмо на македонски јазик на адресата: contact@idscs.org.mk најдоцна до 11ти декември (недела – 23:59ч.) 2022 г. со назнака: Апликација за повик со бр.0401-455-1/22. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за избор на Програмски директор на Институт за демократија

Поврзани објави