Колку чини борбата против корупцијата: инвестиција во човечките ресурси

Share on facebook
Share on twitter

 

Корупцијата е сè позначаен приоритет за граѓаните, а толеранцијата кон корупцијата постојано се намалува. Предуслов за исполнување на очекувањата на граѓаните за резултати во борбата против корупцијата, дополнително на политичките заложби, се ресурсите и капацитети со кои располагаат клучните актери во тој процес.

Тука особено се важни институциите што имаат таканаречена превентивна улога во борбата против корупцијата како Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Сите овие институции имаат ингеренции што покриваат клучни аспекти од борбата против корупцијата, како детекција на можни случаи на корупција и судир на интереси, притисок на монополизација на одредени сектори, како и спроведување на правилата на терен преку ревизија и инспекција. Ефикасното функционирање на овие институции е клучно за градење случаи што ќе бидат преземени од јавното обвинителство

При планирањето на антикорупциските политики, институциите мора да ги земат предвид финансиските импликации и како тоа влијае врз антикорупциските институции и нивниот капацитет соодветно да ги спроведат.

Целта на оваа анализа е да се утврди капацитетот и потребната инвестиција во човечките ресурси на овие институции како клучен предуслов за успех во нивната работа. Наодите укажуваат дека и покрај зголемената инвестиција во овие институции, голем дел од систематизираните места се непополнети, недостигаат кадри кои ќе работат на случаи, а примањата се под државниот просек за сродни задачи.

Анализата дава преглед на моменталната инвестиција, состојбите и предизвиците, а нуди и приближна пресметка за потребната инвестиција за нивно подобро функционирање со препораки до институциите. Анализата разработува две сценарија со по две варијации. Првото сценарио е инвестиција во пополнувањето на систематизациите, а второто е инвестиција во кадри кои ќе работат на случаи/предмети. Зависно од сценариото и варијации, вкупната сума за овие четири институции варира од 4 до 5 милиони евра на годишно ниво. Со пополнување на празните инспекторските места оваа сума стигнува до речиси 12 милиони евра годишно.

Целата анализа на македонски јазик можете да ја прочитате тука:

Колку чини борбата против корупцијата: инвестиција во човечките ресурси

Целата анализа на албански јазик можете да ја прочитате тука:

Sa kushton lufta kundër korrupsionit: investimi në burimet njerëzore

Целата анализа на англиски јазик можете да ја прочитате тука:

How much it costs to fight corruption in North Macedonia: Human Resources

Објави поврзани со проектот