Институт за демократија (ИДСЦС) во соработка со Центарот за демократија, развој и владеење на правото на Универзитетот Стенфорд и во партнерство со Катедрата за политички науки во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Св. Кирил и Методиј “во Скопје отвора повик за 30 учесници за четвртата “Лидерска академија за развој” во Скопје.
Лидерската академија за развој (ЛАД) е водечки проект имплементиран од Центарот за демократија, развој и владеење на правото (ЦДДРЛ) на Институтот за меѓународни студии Фримен Споли на Универзитетот Стенфорд воден од професор Френсис Фукујама.
ЛАД обучува претставници на државни институции и бизнис лидери од земјите во развој со цел да го поддржат приватниот сектор во процесот да стане конструктивна сила за економски раст и развој. Семинарот ги едуцира внимателно избраните учесници како да бидат лидери за ефективни реформи, промовирајќи стабилни јавни политики во сложени и спорни услови.
Датум: 7 – 11 март 2022 година
Место: Правен факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Северна Македонија
Крајниот рок за поднесување на вашата апликација е 13 февруари 2022 година.
Можете да најдете повеќе информации за повикот на линкот подолу.
Повик за учесници на четвртата Лидерска академија за развој
