Институт за демократија (ИДСЦС) во соработка со Центарот за демократија, развој и владеење на правото на Универзитетот Стенфорд и во партнерство со Катедрата за политички науки во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет Св. Кирил и Методиј “во Скопје отвора повик за  30 учесници за четвртата “Лидерска академија за развој” во Скопје.

Лидерската академија за развој (ЛАД) е водечки проект имплементиран од Центарот за демократија, развој и владеење на правото (ЦДДРЛ) на Институтот за меѓународни студии Фримен Споли на Универзитетот Стенфорд воден од професор Френсис Фукујама.

ЛАД обучува претставници на државни институции и бизнис лидери од земјите во развој со цел да го поддржат приватниот сектор во процесот да стане конструктивна сила за економски раст и развој. Семинарот ги едуцира внимателно избраните учесници како да бидат лидери за ефективни реформи, промовирајќи стабилни јавни политики во сложени и спорни услови.

Датум: 11 – 15 октомври 2021 година

Место: Правен факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Северна Македонија

Крајниот рок за поднесување на вашата апликација е 9 септември 2021 година.

 

Можете да најдете повеќе информации за повикот на линкот подолу.

Повик за учесници на четвртата Лидерска академија за развој

Business photo created by javi_indy – www.freepik.com