Отворениот повик за дизајнерски услуги е во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија” (Improved capacity for crisis response in municipalities in North Macedonia) – финансиран со помош од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС).
Опис на проектот
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе им помага на општините во Северна Македонија во развојот на стратегии и планови за превенција и управување со кризи.
Делокруг на работа
Ангажманот во рамки на повикот предвидува дизајн на повеќе типови на продукти поврзани со различни резултати од проектот, како инфографици, дизајн на публикации и визуелни решенија за социјални медиуми. Производите ќе бидат изработени во соработка со проектниот тим на ИДСЦС. Целта на графичко-визуелните решенија е креативно претставување на наодите и препораките од проектот за истите да се доближат до крајните корисници – граѓаните.
Испораки
Дизајнирани: 15 (петнаесет) инфографици, 15 Snip-ads; 4 (четири) стратешки планови, 1 (еден) мониторинг извештај, 2 (два) прирачници во две (соодветно) три јазични верзии.
Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: јули 2021 – март 2022; Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорени меѓу ИДСЦС и понудувачот.
Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ИДСЦС. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ИДСЦС.
Надомест
Вкупниот надомест за извршените услуги не ја надминува бруто сумата од 2725 британски фунти во денарска противвредност.
Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на ivana@idscs.org.mk со наслов: Апликација за дизајнерски услуги, не подоцна од 11.07.2021 (недела, 23:59ч.) ИДСЦС ќе ги контактира само понудувачите кои ја поминале фазата на предселекција според погоре објаснетото бодување.
Целиот повик може да го погледнете тука:
Отворен повик за дизајнерски услуги