Образованието е неодминлив дел од борбата против корупцијата. Тоа е дел од долгорочниот процес на социјализација, и место каде државата може да инвестира во долгорочно креирање на генерации кои ќе се спротивставуваат на корупцијата. На тој начин, државата ќе се вклучи кон производство на одржливост, како потпора на постоечките реформи на антикорупцискиот сектор.

Целите на антикорупциската едукација треба да станат поамбициозни. Од наставна единица денес, таа треба да стане една од централните цели на образовниот процес, која ќе изгради генерации со личен интегритет спремни да се спротивстават на корупцијата. Меѓуинституционалната соработка, во планирањето на цели и содржини, и нивно креирање треба да продолжи и да се надогради на тоа што е досега сработено

Вклучување на младите во борбата против корупција преку воспоставување на вредности и промовирање на интегритет е начин за придвижување на општеството кое ќе стане помалку толерантно на коруптивни практики. Образованието е клучниот чинител кон остварување на оваа цел, преку соодветна едукација, проширување на наставните планови и обезбедување на соодветни програми. Борбата со корупцијата е долгогодишен процес, со голема инвестиција која ќе го поддржи. Дел од оваа инвестиција мора да се реализира во образованието како фаза на социјализација која ќе ги подготвува идните генерации да бидат сојузници и пандан на институционалната борба против корупцијата.

Краткиот документ за јавни политики можете да го прочитате тука:

Образование како фактор на одржлива борба против корупција