fbpx
logo

Четврта регионална лидерска академија за развој за земјите од Западен Балкан

Лидерската академија за развој (LAD) е водечки проект спроведен од Центарот за развој, демократија и владеење на правото при Стенфорд Универзитет (CDDRL)  и предводен од професорот Франсис Фукујама. Академијата е интензивна програма за обука на учесници кои имаат лидерски позиции во државни институции, академици, активисти и членови на граѓанско општество и практичари од приватниот сектор. Академијата има за цел да ги подобри вештините на ветувачките лидери во јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор за да придонесат поефикасно во градењето силни економии и одржливи демократски институции во нивните земји.

Институт за демократија во соработка со Катедрата по политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Германскиот Маршалов фонд на САД и Националниот фонд за демократија (НЕД) ќе ја одржи четвртата регионална лидерска академија за развој за земјите од Западен Балкан во Скопје, Северна Македонија. Во последните три години CDDRL одржа лидерски академии во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Академијата во Скопје е закажана за крајот на летото оваа година.

Институт за демократија ќе придонесе во таргетирањето на 30 лидери кои ќе ја опфатат не само типичната публика составена од владини претставници и бизнис лидери, туку и академици и учесници во граѓанското општество кои играат исклучително важна улога во реформските процеси во земјите од Западен Балкан. Организацијата ќе ги избере учесниците преку натпреварувачки процес, а во текот на Академијата тие ќе имаат можност да слушаат предавања и да бидат дел од интерактивни предавања водени од тим на успешни интелектуалци и локални експерти.

Овогодинешната Академија ќе ја официјализира LAD Балканската мрежа на поранешни учесници и ќе обезбеди платформа за вмрежување, споделување на знаење и соработка меѓу учесниците на програмата. Во следните два месеци, ИДСЦС во соработка со CDDRL ќе организира три настани за алумните на Балканот.

Поврзани објави