logo

ИДСЦС организираше затворена работилница „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики што ја обликуваат судската култура во Западен Балкан“

Share on facebook
Share on twitter

Институтот за демократија “Социетас Цивилис” на 20 ноември организираше затворена онлајн работилница на тема „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики што ја обликуваат судската култура во Западен Балкан“ како дел од истоимениот двегодишен проект. Проектот се фокусира на состојбата со судската култура на Западен Балкан, со посебен акцент на улогата на судиите во развојот на правото во Северна Македонија, Албанија и Србија.

Работилницата беше модерирана од Денис Прешова, надворешен соработник на ИДСЦС и доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Прешова го претстави целокупниот проект и ги идентификуваше целите на проектот. Тој ја истакна важноста на проектите од ваков вид, особено во процесот на европеизација на правните системи на земјите на Западен Балкан. Следствено, тој истакна дека најрелевантна и посакувана цел на проектот е потенцирање на недостатоците на судската култура, особено во контекст на европската интеграција.

Работилницата се состоеше од три сесии: изјави од клучните говорници, дискусија за улогата на судиите во развојот на правото како специфичен аспект на судската култура и последователна дискусија.

Говорници на работилницата беа судијката Мирјана Лазарова Трајкова, судија на Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права, судијката Драгана Боjeевиќ, судија во Апелациониот суд во Белград и почесен претседател на Здружение на судии на Србија и судијата Ервин Пупе, судија во Врховниот суд на Албанија. Тие го надополнија аргументот дека судската култура во трите земји кои се фокус на проектот се одликува со недостаток на соодветна обука и образование за судии и силна потреба за поголема независност на судиите.

Судијката Мирјана Лазарова објасни дека судската култура на земјите од Западен Балкан се карактеризира со силно влијание од политичките партии и дека дневната политика честопати ги го обликува правосудниот систем. Судијката Драгана Боjeевиќ додаде дека искуствата на колегите судии во Здружението на судии покажуваат големо влијание на политиката, што може да биде резултат на дефицит на заштитни мерки за судиите кои не се само заштитни мерки во правна смисла. Конечно, клучната сесија на говорниците беше заклучена со судијата Ервин Пупе, кој изјави дека справувањето со интегритетот бара поддршка на владеењето на правото и негова имплементација, а не само негово креирање.

Дискусијата на експертите ги вклучуваше Даринка Пикани, доцент по право на ЕУ на Универзитетот во Лајден, Фјоралба Цака, предавач на правото на ЕУ на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана и виш истражувач на албанскиот Институт за правно и територијално истражување ( АЛТРИ), Танасије Маринковиќ, редовен професор на Правен факултет во Белград и соработник во Центарот за судски истражувања ЦЕПРИС и Денис Прешова, надворешен соработник на ИДСЦС и доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Пикани дискутираше за значењето на европеизацијата и нејзините елементи. Таа потсети дека земјите од Западен Балкан како земјите од Источна Европа имаат историја на правото кое служи како алатка на владејачките политички партии. Таа исто така објасни дека е исклучително тешко да се трансформира судската култура во средина каде што постои недостаток на знаење за правото на ЕУ и јасна обврска која произлегува договорот со ЕУ. Дополнително, Цака изјави дека судската култура не е монолитна и статична, туку софтвер кој може да се реконструира и деконструира. Сепак, според неа, забележливо е дека судиите стравуваат од критики и конфронтации што креирање недоверба во јавноста. Таа ја истакна потребата од мрежи на судии како простор во кој судиите ќе можат да разговараат за нивните дилеми и идеи за европеизација. Маринковиќ дискутираше за улогата на правосудниот систем во рамките на управувањето. Тој објасни дека природата на правосудниот систем е таква што претставува најслаба гранка на управување и ретко е независна, особено во земји како Северна Македонија, Србија и Албанија. Прешова накратко дискутираше за главните карактеристики на судската култура во поранешните социјалистички земји во кои одредени карактеристики на претходниот систем сè уште опстојуваат, особено во само-перцепцијата на судиите, како и нивниот пристап кон развивање на законот воопшто.

Сите говорници се согласија за важноста на соодветна обука и промената на менталитетот во судската култура. Судиите и обвинителите треба да бидат обучени и да поминат низ процес на образование што ќе им овозможи истовремено да развиваат доктрина и да го следат законодавството.

Работилницата заврши со дискусија помеѓу говорниците и присутните гости.

Оваа онлајн работилница се одржа како дел од проектот „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики што ја обликуваат судската култура во Западен Балкан“, координиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во соработка со Центарот за судски истражувања ЦЕПРИС, албанска иницијатива за правно и територијално истражување (АЛТРИ) и Асир институт (Центар за меѓународно и европско право) од Холандија. Проектот е поддржан од Холандскиот фонд за регионално партнерство – МАТРА.

Поврзани објави