Носечката цел на овој проект е да го дополни процесот на Европската Комисија за вертикална европеизација на судството со внатрешни и хоризонтални иницијативи. Истите би комбинирале академски и практичен пристап во детектирање и обележување на недостатоците во нашата судска култура, преку консултации со меѓународни и регионални експерти и дефинирање на идните чекори за прилагодување на судството кон практиките и правилата на Европската Унија. Имајќи предвид дека промените во судската култура се случуваат постепено, и пред се’, преку реализирање на образовни процеси и обуки, целта на препораките од овој проект е истите да се вклучат во обучувачкиот процес на судството.
Следствено, институциите на судството (академии за судии и обвинители, судски совети), владините институции кои работат на евроинтеграции на земјите од Западен Балкан, општата и експертската јавност, како и Европската Комисија (Генералниот директорат за добрососедство и преговори за проширување и Генералниот директорат за Правда и Потрошувачи) се само дел од целните групи на овој проект.
Проектот е координиран од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) од Северна Македонија, во соработка со Т.М.С. Асер Институт од Холандија, Центарот за правосудни истражувања (ЦЕПРИС) од Србија и Албанската истражувачка иницијатива за правни и територијални истражувања (АЛТРИ). Проектот е поддржан од Холандскиот фонд за регионално партнерство (НФРП)/Матра иќе се реализира во Скопје (Северна Македонија), Белград (Србија) и Тирана (Албанија).
Во следните две години, проектниот тим ќе одржи осум активности во споменатите земји вклучувајќи 1) почетна конференција во Скопје; 2) сеопфатна студија за судска култура; 3) експертски работилници во Скопје, Белград и Тирана; 4) завршна конференција; 5) промотивни активности кои вклучуваат воведни статии, инфографици и подкасти; 6) студиска посета во Брисел, 7) студиска посета во Хаг; и 8) вклучување на аспектите на судската култура во правосудните обуки.
Продуктите од овој проект објавени на англиски јазик може да ги видите на следниот линк:
Настани поврзани со проектот
Инфографик: Стравот и заплашеноста се многу подоминантни од чувството на независност кај судиите
24.06.2022Џон Белс ја дефинира судската култура како „карактеристики коишто го...
Судската култура и улогата на судиите во развојот на правото во Северна Македонија – Заклучоци и препораки
30.11.2021Судската култура и улогата на судиите во развојот на правото...
Човечкиот капитал во правосудството – како до додадена вредност?
15.07.2021Човечкиот капитал во правосудството – како до додадена вредност?
Vetёqeverisja gjyqёsore midis idealit normativ dhe praktikave informale
15.07.2021Vetёqeverisja gjyqёsore midis idealit normativ dhe praktikave informale
ИДСЦС организираше затворена работилница „Премостување на јазот помеѓу формалните процеси и неформалните практики што ја обликуваат судската култура во Западен Балкан“
25.11.2020Институтот за демократија “Социетас Цивилис” на 20 ноември организираше затворена...