Проектот ‘Инструмент за соработка на аналитичките центри од Западен Балкан – ТИНК БАЛКАНС’ е финансиски поддржан од Меѓународниот Фонд на Вишеград и се надоврзува на претходно воспоставената соработка помеѓу членките на Мрежата на аналитички центри на Југоисточна Европа – Southeast European Think Net Network (SEE Think Net) и Тинк Вишеград (Think Visegrad) во рамки на проектот ‘Регионална соработка на Западен Балкан: Споредба на Берлинскиот Процес и Вишеградската Група.

Врз основа на претходната успешна соработка, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ќе продолжи со проектното координирање, кое, во соработка со Европското движење во Србија (EMinS)Платформата ЦивиКос (CiviKos) од Косово, Мрежата Политикон од Црна Гора, Албанскиот институт за меѓународни студии (AIIS) од Албанија, Аднан Ќеримагиќ од Босна и Херцеговина, Центарот за европска перспектива (CEP) од Словенија, Центарот за источни студии (OSW) од Полска, Институтот за меѓународни работи и трговија (IFAT) од Унгарија, Истражувачкиот центар на словачкото здружение за меѓународна политика (RC SFPA) од Словачка и Институтот за европска политика ЕУРОПЕУМ (EUROPEUM) од Чешка, ќе се насочи кон исполнување на целите на проектот. Времетраењето на проектот е 15 месеци, односно од октомври 2020 до јануари 2022.

Работејќи врз основа на моделот на Тинк Вишеград на платформа на аналитички центри од Вишеградската четворка (В4), овој проект, во тесна соработка со оваа платформа, цели кон пилотирање на инструмент за трајна соработка помеѓу аналитичките центри од Западен Балкан преку 1) зајакнување на соработката на аналитичките центри од земјите од В4 и Западен Балкан ; 2) промовирање на соработката во земјите од В4 помеѓу експертите / креаторите на политики на Западен Балкан како успешен регионален модел отворен за споделување на искуства со земјите кои сакаат да се зачленат во ЕУ; 3) нудење на експертиза за регионална соработка од В4 земјите која може да помогне во зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан – нешто што претставува клучен аспект на европската интеграција на регионот; 4) овозможување на нова платформа за зајакнување на меѓучовечките односи во рамки и помеѓу аналитичките институции, центри и владините институции од земјите од В4 и Западен Балкан; 5) култивирање на меѓурегионална соработка помеѓу земјите од В4 и Западен Балкан за прашања од заеднички стратешки интерес и 6) поттикнување на користењето на стекнатото искуство на земјите од В4 преку Тинк Вишеград во насока на подобрување на дијалогот помеѓу релевантните државни институции на Западен Балкан (на пр. помеѓу министерствата за надворешни работи, како и помеѓу аналитичките центри и граѓански организации и министерствата за надворешни работи на Западен Балкан).

Во исполнување на овие цели, проектните партнери ќе организираат четири настани во земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, како и Словенија. Овие настани ќе се организираат во Скопје, на почетокот на декември 2020; Белград, крајот на октомври 2021; Варшава, почетокот на ноември 2021 и Љубљана, почетокот на декември 2021. Дополнително, проектните партнери ќе организираат студиски посети на вработените во аналитичките центри и јавната администрација од Западен Балкан во главните градови на земјите од Вишеградската група (Братислава, Будимпешта, Прага и Варшава) на проелт 2021, како и студиски посети на вработените во аналитичките центри од Вишеградската четворка во главните градови на земјите од Западен Балкан (Скопје, Приштина, Тирана, Белград, Подгорица и Сараево). Врз основа на искуствата и стекнатото знаење од студиските посети, партнерите ќе изготват 4 кратки и 3 долги анализи на теми од заеднички стратешки интерес на надворешнополитичките перспективи на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, а во контекст на европската интеграција на Западен Балкан.

Настани поврзани со проектот