fbpx
logo

Адресирање на тековите на корозивниот капитал

Име на проект: Адресирање на тековите на корозивниот капитал

Донатор:  Центар за меѓународно приватно претпријатие (CIPE)

Времетраење: јули 2019 – септември 2020

Буџет: $32.517

Партнери: Центар за меѓународни и безбедносни работи – ISAC Фонд (Србија), Центар за меѓународна политика (Европски Западен Балкан) (Србија), Центар за граѓански иницијативи (Босна и Херцеговина) и Центар за демократска транзиција (Црна Гора)

Опис:

Целите на овој проект се 1) да ја зајакне улогата на иницијативи од приватниот сектор кои ги подобруваат локалните решенија за економските и предизвиците поврзани со владеењето и 2) да го подобри владеењето кое почива на либерално-демократски и пазарно-ориентирани  начека и институции во авторитарните држави и новите демократии. Студиите на случај во Северна Македонија се делниците Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, чија изградба е финансирана од заем од Кинеската банка за извоз и увоз, а предводена од кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитед. Проектните активности вклучуваат стратешко планирање, идентификување и анализа на високоризични текови на надворешен капитал и јазови во владеењето, тркалези маси со приватниот сектор за документи за политики, средби со носителите на јавни функции за документите за политики и тркалезни маси за јавни политики и други видови на локална промоција на документите за политики.

 

Продолжување на проектот: јуни 2021 – јули 2022

Буџет: $48,855

Опис: Целта на проектот е да воспостави коалиции во приватниот сектор кои ќе поттикуваат локални решенија и ќе креираат препораки за справување со економските и владините предизвици за неутрализирање на корозивен капитал кој навлегува на пазарот.

Во рамки на проектот, ИДСЦС и ЦИПЕ ќе го фасилитираат формирање на работна група составена од претставници на граѓанското општество, членови на бизнис заедницата и државни институции. Врз основа на оваа воспоставена комуникација членовите на работната група во соработка со ИДСЦС ќе изработат неколку анализи со кои ќе истражуваат за бенефитите од влез на конструктивен капитал, ќе ги идентификуваат приоритетите на националната бизнис заедницата за вклучување на национални компании во Европските синџири на производство и ќе ја анализираат моменталната национална легислатива за влез на странски инвестиции и усогласувањето на истата со легислативата на Европска Унија.

Преку кампања за промоција овие анализи и препораките од работната група ќе бидат искористени за информирање на јавноста, државните институции и медиумите. Анализите од работната група ќе бидат дисеминирани на работилници во Германија и на финална конференција организирана од страна на ЦИПЕ во еден од главните градови на земјите од Западен Балкан.

Настани поврзани со проектот

Видеографик: Состојба на странски директни инвестиции во Северна Македонија (1997-2021)

12.12.2022

Во 2021 година, над 75% од СДИ во Северна Македонија,...

ИДСЦС организираше конференција за промовирање на конструктивниот капитал во Северна Македонија

06.10.2022

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ денеска ја организираше конференцијата „Промовирање...

Видео: Импликациите на Механизмот за гранично јаглеродно прилагодување на ЕУ врз Северна Македонија

05.10.2022

Целта на Механизмот за гранично јаглеродно прилагодување на ЕУ е...

Видео: Механизмот за скрининг на странските директни инвестиции спречува во земјата да влезе корозивен капитал

04.10.2022

Преку Механизмот за скрининг на странските директни инвестиции се спречува...

Странските инвестиции да се скенираат за корозивен капитал, домашните компании да се интегрираат во синџирите за производство на ЕУ

18.09.2022

Македонската економија ја очекуваат бројни прилагодувања во претстојниот период за...

Втурнати во ќорсокак: заблудената верба во кинескиот корозивен капитал за изградбата на автопатите во Северна Македонија

05.10.2020

Во оваа студија се разгледуваат трговските односи и економската соработка...

Корозивниот капитал е закана за кревките демократии од Западен Балкан

29.09.2020

Институтот за демократија организираше онлајн конференција „Заканата од корозивен капитал...

Kredi “të shpejta” dhe “të lira” për realizim të shtrenjtë dhe të vështirësuar të projekteve kapitale

15.08.2020

Lidhja e marrëveshjeve të drejtpërdrejta për projekte infrastrukturore kapitale, pa...

Kërçovë – Ohër autostradë: Kredi të lira, por ndërtime të shtrenjta

15.08.2020

Kërçovë – Ohër autostradë: Kredi të lira, por ndërtime të...

Видео: Автопат Кичево – Охрид: Евтини кредити, скапа изградба

13.08.2020

Автопат Кичево – Охрид: Евтини кредити, скапа изградба https://youtu.be/wP1IbE9WfKk

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

13.08.2020

Склучувањето на директни договори за капитални инфраструктурни проекти, без јавно...

Поврзани објави