Надзорната улога на парламентот е клучна при обезбедувањето зголемена отчетност и транспарентност на извршната власт. Имајќи ги предвид бројот и обемот на функциите кои ги извршува власта, ризикот за корупција е значителен и затоа пратениците како народни избраници треба да ги искористат механизмите кои им се на располагање.

Оваа компаративна анализа се занимава токму со една од превентивните мерки во борбата против корупцијата која е достапна во парламентарните демократии во регионот, односно се разгледуваат формите преку кои парламентот врши надзор над националните антикорупциски институции во Република Северна Македонија, Република Србија, Република Албанија, Република Косово, Република Црна Гора и Федерацијата Босна и Херцеговина.

Во пет од шесте земји од регионот на Западен Балкан кај кои е направен прегледот, парламентите имаат улога во антикорупцискиот надзор. Имено, парламентарниот надзор изостанува единствено во Република Албанија. Во РС Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина законската рамка предвидува парламентарен надзор над антикорупцијата.

Телата кои го вршат парламентарниот надзор главно се разликуваат според обемот на областите кои влегуваат во делокругот на нивната работа. Во случаите кај Црна Гора и Босна и Херцеговина се забележува стеснет и насочен парламентарен надзор. Кај РС Македонија, Србија и Косово надзорот се врши преку собраниски комисии кои обработуваат поширок спектар области.

Целиот бриф за јавна политика може да го прочитате тука:

Компаративен преглед на улогата на парламентите во антикорупциски надзор во регионот