Неодамнешното членство на Северна Македонија во Северноатлантската договорна алијанса (НАТО) се очекува да означи зголемена активност во реформските процеси во областите на одбраната и безбедноста, одбранбените набавки во земјата и демократската контрола на одбранбениот и безбедносниот сектор.

Иако членството во НАТО се очекува позитивно да влијае на државата на безбедносен и економски план, зголемената активност поврзана со полноправното членство во НАТО ќе означи поголеми буџетски трошења во чувствителни области, а со тоа и зголемен притисок од корупција. Дополнително, на среден рок, потенцијалните процеси на outsourcing, јавно приватното партнерство, офсет-аранжмани, позначајното учество во мисиите во странство може дополнително да ги зголемат ризиците од корупција.

Членството на Северна Македонија во НАТО ќе означи зголемена активност во реформските процеси во областа на одбраната и безбедноста, одбранбени набавки во земјата и демократската контрола на одбранбениот и безбедносниот сектор со што може да се зголемат ризиците од корупција. Во рамките на НАТО постојат активни програми и тела кои можат да придонесат кон успешно менаџирање на овие ризици и да влијаат врз зголемена надзорна улога на Собранието. Важно е Собранието да ги ревидира досегашните практики на надзор, да работи на редовни периодични надзорни практики и континуирано да го гради капацитетот на комисиите да ја остваруваат својата функција.

Оваа кратка студија на политика има три задачи. Прво, да ја исцрта релацијата помеѓу НАТО и борбата против корупцијата. Второ, да погледне во технологијата на процесот преку кој НАТО може да влијае врз зајакнување на надзорната улога на парламентите и нивната улога во борбата против корупцијата во три области: реформите во одбраната и безбедноста, јавните набавки и надзорот на одбранбениот и безбедносниот сектор во целина. На крај, да подвлече добри практики на зајакнување на улогата на парламентите во борбата против корупцијата и доброто управување.

Целиот бриф за јавна политика може да го прочитате тука:

Северна Македонија во НАТО: шанса за зголемена надзорна улога на Собранието