logo

Собрание под лупа: Како дебатираа пратениците од јули до декември 2019

Share on facebook
Share on twitter

Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2019) го потврдува ниското ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во последните 2 години, како и заклучокот дека постои значителен простор за подобрување. На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 6, и е идентична со претходните два периоди на набљудување (јан – јун, 2019 и јул – дек, 2018).

Поактивни со вклучување во дискусиите биле пратениците од опозицијата, кои учествувале во 61% од набљудуваните дискусии, додека пратениците од власта учествувале во 39%. Најчесто за збор се јавувал Диме Велковски, додека најдолго на пратеничката говорница се задржал Димитар Стевананџија. Меѓу најактивните 10 пратеници, се најдоа 2 пратенички, Магдалена Манаскова и Лилјана Затуровска, што спредено со периодот јануари – јуни 2019, кога на оваа листа биле 4 пратенички, значи намалување за 50%.

Извештајот бележи зголемување на нивото на интеракција и размена на ставови помеѓу учесниците во дискусијата. Имено, постои намалување на бројот на говори за 17 процентни поени меѓу пратениците (од 49% во јан – јун, 2019 на 29% во јул – дек 2019,), а зголемување на процентот на реплики и контра-реплики (од 23% односно 17% во во јан – јун, 2019 на 29% односно 26% во јул – дек 2019, соодветно). Од набљудуваните дискусии, само 15% отпаѓаат на пратенички прашања.

Во однос на аргументацијата на дискусиите, пратениците биле релативно константни во степенот на аргументирање на нивните говори во текот на 2019 година. Во околу 2/3 од дискусиите, пратениците имаат слаба или воопшто немаат аргументација, додека во само 1/4 е забележан по еден аргумент, и во претходниот и во тековниот период на набљудување. Два или повеќе аргументи се забележани во само 5% од дискусиите.

Процентот на промена на став поради подобри аргументи останува значително низок за да може да се констатира дека пратениците демонстрираат можноста за отвореност за исправноста на аргументите на другата страна. Во над 80% од дискусиите, пратениците не се осврнуваат на силата и квалитетот на аргументите на другите говорници додека во 10% пратениците останаа на својот став и не ја признаа вредноста на аргументите на колегите од другите политички опции.

Пратениците повеќе се осврнуваат кон разгледување на аргументите на соговорниците отколку кон личните карактеристики на истите. Во 25% од излагањата, пратениците искажале почитување или делумно почитување кон аргументите на пратениците од другата политичка партија, додека почитување или делумно почитување кон нивната личноста искажале во 11%. Непочитување или делумно почитување и кон аргументите и кон личноста на пратениците од другата партија, искажале во релативно ист процент од нивните говори (во 11%, односно 12% соодветно).

Извештајот на македонски јазик може да го прочитате тука:

Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули-декември 2019)

Извештајот на англиски јазик може да го прочитате тука:

Report from the monitoring of the discourse quality in Parliament (July – December 2019)

Извештајот на албански јазик може да го прочитате тука:

Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvendin (korrik – dhjetor 2019)

Поврзани објави