logo

Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција

Проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“ ќе го имплементира Платформата на граѓански организации за борба против корупција, а ИДСЦ како актуелен секретаријат на Платформата се јавува како носител на проектот.

Подобрената видливост на работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и зголемувањето на отчетноста на институциите во врска со нивните случаи влијае позитивно кон подобро работење на институциите и намалување на корупцијата. Ќе има подобро спроведувањето на правилата, вработувањата ќе бидат повеќе базирани на мерит, а јавните набавки помалку обременети со корупција. Во таа смисла, подоброто работење на институциите значи поквалитетни услуги, зголемување на компетитивноста на економските оператори и подобар економски развој. Оттука, граѓаните ќе имаат корист од подобрување на демократската и стопанствена клима во земјата.

Овој проект ќе ги набљудува односите помеѓу ДКСК и институциите за кои ќе бидат отворени предмети. Мониторингот ќе прибира информации за времето потребно на институциите да реагираат по наодите на ДКСК и квалитетот на сработеното како одговор на наодите. Истовремено, ќе мери колку ДКСК води грижа за барањето на follow up од институциите. Во случаите кога институциите нема да одговорат на барањата на ДКСК или одговорот ќе биде несуштински, Платформата ќе иницира јавна реакција во која ќе побара одговорност.

На овој начин ќе се зголеми притисокот од јавноста кон институциите да даваат отчет кон ДКСК што е важно за рестартирање на антикорупцискиот систем. Истовремено, на долг рок, ќе се придонесе кон зајакнување на внатрешната отпорност на институциите, како резултат на потребата да бидат отчетни пред ДКСК и да избегнуваат постапки во иднина.

Во исто време, проектот ќе ги набљудува подготовките на ДКСК за поефикасно следење на финансирањето на политичките партии и развивањето на методологии за успешно следење на изборите.

 

Цели на проектот:  Намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите

  • ДКСК активно ги притиска институциите, каде има отворено предмети, на соработка
  • Институциите се по-отчетни и соодветно одговараат на барањата на ДКСК
  • ДКСК има обезбедено капацитет и методологии за суштинска контрола на финансирањето на политичките партии

Времетраење на проектот: осум месеци, јули 2019 – февруари 2020

Одобрени средства: 41.523 долари

Донатор: Фондација Отворено Општество Македонија

Партнери: Организации членки на Платформата (КОНЕКТ, ТМ, ЦИКП (CRPM), Фондација отворено општество-Македонија, Коалиција-сите за правично судење, Форум ЦСИД, АДИ, Охрид Институт, ЦГК, ИДСЦС, Фондација Метаморфозис, Еуротинк, МЦМС, Хелсиншки Комитет, СКУП).

Очекувани резултати:

  • Зголемен притисок од страна на ДКСК врз институциите
  • Поотчетни институции и зголемена респонзивност кон барањата на ДКСК
  • Зголемен капацитет на ДКСК за суштинска контрола на финансирањето на политичките партии

Настани поврзани со проектот

Извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (јануари-јуни 2020)

14.01.2021

Извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (јануари-јуни...

Истражување: Проблемите во финансирањето на политичките партии

28.05.2020

Редовна контрола на финансирањето на политичките партии вршат Државниот завод...

Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (октомври – декември 2019)

12.05.2020

Следењето на ДКСК во рамки на проектот „Набљудување на успешноста...

Raporti i dytë për punën e Komisionit shtetëror për pengim të korrupsionit (Tetor – Dhjetor 2019)

12.05.2020

Raporti i dytë për punën e Komisionit shtetëror për pengim...

Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција (октомври – декември 2019)

12.05.2020

Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција...

Методологија и инструменти на Антикорупциска комисија во пресрет на изборите

24.04.2020

Оваа анализа ги разработува методите кои ДКСК ги има на...

Зголемување на ефикасноста на работењето на ДКСК

13.04.2020

Досегашните резултати отвораат дилема дали можеби Антикорупциска комисија вложува голем...

Во Велес одржани обуки за зајакнување на капацитетите на граѓанското општество и политичките партии

20.02.2020

Во периодот од 10-13 февруари во Велес, Платформата на граѓански...

Повик за учество на обуки

28.01.2020

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки...

Raporti i parë për punën e Komisionit shtetëror për pengim të korrupsionit

24.01.2020

Raporti i parë për punën e Komisionit shtetëror për pengim...

Прв извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупција

24.01.2020

Прв извештај за работата на Државната комисија за спречување на...

Презентиран првиот извештај за работата на ДКСК

24.01.2020

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска во...

Конкурс за изработка на документи за јавни политики

15.01.2020

Со овој конкурс, Платформата на граѓански организации за борба против...

Повик за обучувачи – Следење на работата на ДКСК и политичките партии за време на изборен период 

24.12.2019

Отворениот повик за обучувачи е во рамки на проектот „Набљудување...

Повик за обучувачи – Антикорупциски политики и пракси 

24.12.2019

Отворениот повик за обучувачи е во рамки на проектот „Набљудување...

Поврзани објави