Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) ви го претставуваат првото издание на Прирачникот за претседателски избори во Република Македонија 2019 година*.

Електронското издание на прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може бесплатно да се преземе на следните линкови:

Прирачник за претседателски избори во Република Македонија 2019 година

Manual për zgjedhjet presidencale në Republikën e Maqedonisë 2019

The Republic of Macedonia’s 2019 Presidential Elections Handbook

Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите.

Прирачникот како и сите други документи кои се однесуваат на изборните процеси во Македонија од независноста до денеска се достапни на интернет страницата – Изборна архива која е производ на соработката меѓу ИДСЦС и КАС.

*Потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни 2018 година го започна процесот на промена на уставното име на Република Македонија. Договорот стапи во сила на 12 февруари 2019 година. Бидејќи овој Прирачник за претседателските избори беше составен пред влегувањето во сила на овој договор, името “Република Македонија” ќе се користи во текстот во првото и второто дополнето издание.