fbpx
logo

Анализата „Самитот на Западен Балкан 2018: Три клучни пораки од Лондон“ промовирана во Тирана, Белград и Скопје

Мрежата SEE Think Net Network беше воспоставена во втората половина на месец март оваа година, а за прв пат беше претставена на јавноста на 16-ти мај од страна на Зоран Нечев од ИДСЦС, координаторот на мрежата, на меѓународната конференција „Демократија која испорачува: Десет години отклучување на потенцијалот на Западен Балкан“ во рамки на Самитот на лидерите на земјите од регионот и земјите-членки на ЕУ. По ова следеше прва тура на промотивни настани во Скопје (04.07.2018), Белград (05.07.2018), Тирана (06.07.2018) и Лондон (10.07.2018), чија цел беше претставување на првите пет кратки документи за јавни политики на мрежата. По ова, членовите и партнерите на мрежата започнаа со изработката на шестиот и последен краток документ за јавни политики.

Овој ко-авторски труд насловен како „Самитот на Западен Балкан 2018: Три клучни пораки од Лондон“ претставува заеднички труд на Зоран Нечев, Иван Николовски, Јелица Миниќ. Мариола Ќесараку и Аднан Ќеримагиќ. Како што името сугерира, овој документ го анализира политичкиот контекст пред и по одржувањето на лондонскиот самит со фокус на третманот на билатералните прашања за време на и по Лондон, вклучувањето на граѓанските организации во формалниот дел на самитет, „скршнувањата“ од страна на „стандардната агенда“ на Берлинскиот процес, како и стратегијата на Обединетото кралство за земјите од Западен Балкан по излегувањето од ЕУ. Како резултат, во декември 2018 започна втората тура на промотивни настани во регионот.

Овој краток документ за јавни политики беше презентиран во Тирана, Белград и Скопје редоследно. Настанот во Тирана се одржа на 7-ми декември во организација на EU Policy Hub. Потоа следеше настанот во Белград на 10-ти декември, организиран од Европското движење од Србија. За крај, на 19-ти декември ИДСЦС беше домаќин на настанот во Скопје. Во овој период, партнерите и членовите на SEE Think Net исто така креираа и презентираа инфографик за корисниците на засилената регионална соработка изразена преку Берлинскиот процес.

Анализа: „Самитот на Западен Балкан 2018: Три клучни пораки од Лондон“

Инфографик: „Корисници на интензивираната регионална соработка преку Берлинскиот процес“

За првата регионална мрежа на граѓански организации со фокус на Берлинскиот процес – SEE Think Net како и за истражувањата и анализите прочитајте на следниот линк:

SEE Think Net – Berlin Process

Поврзани објави