logo

Нов проект: ИДСЦС ја следи работата на јавните и државните претпријатија и независните тела

Share on facebook
Share on twitter

Институт за демократија “Социетас цивилис” (ИДСЦС) во периодот 15 јуни 2018 – 31 март 2019г. ќе го спроведува проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Фондот за добро владеење.

Проектот ќе ја анализира работата на јавните претпријатија, претпријатијата во државна сопственост и независните државни тела во однос на адекватноста на нивното управување и управувачки процедури. Со активностите ќе се изврши проценка на тоа дали постојат процедури кои раководителите на овие институции ги прават отпорни на клиентелизам и корупција. Целта е иницирање на промени во управувачката култура на целните институции кои би придонеле кон нивен долгорочен, одржлив развој и би овозможиле основа за подобрено внатрешно известување која воедно би го подобрила известувањето кон државните надзорни институции и јавноста.

Проектот ќе придонесе кон подигање на свеста за доброто управување на претпријатијата во државна сопсвеност и независните државни тела и зголемување на информираноста за тоа како се управувани овие институции и од кого. За таа цел ИДСЦС конкретните политики ќе ги презентира пред пошироката јавност преку јавни настани, инфографици итн.

Активности во проектот:

  • Анализа – Правна анализа и документ за јавни политики за подобрување на процедурите и критериумите со кои се регулираат назначувањето на раководни лица и отчетноста и транспарентоста на овие организации. Анализата ќе идентификува пропусти во рамката и ќе даде препораки за нејзино подобрување.
  • Податоци – База на податоци на сите именувани и назначени лица во раководните органи и тела во државните, јавните препријатија и независните тела. Базата ќе содржи податоци за професионалните квалификации и стручност на овие функционери според критериумите развиени од ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
  • Процедурални празнини и ризик за клиентелизам – Студија за јавна политика преку повеќе критериуми ќе ги анализира процедурите во државните претпријатија во врска со носењето на одлуките и управувањето, финансиите, јавните набавки, управувањето со вработените антикорупциските политики и стратешкото планирање со цел да се утврди ризикот од клиентелизам.
  • Ревизии – Во посебна база на податоци ќе се внесат извештаите и наодите на Државниот завод за ревизија и ќе се подредат според сличност на наодите и видот на ревизијата.
  • Застапување – Постојани застапувачки активности и споделување на наодите од истражувањата на конференција и до сите засегнати страни со цел подобрување на управувањето со државните и јавните препријатија, независните и регулаторните тела.
    Сите информации и истражувања од проектот ќе бидат достапни на следниот линк:
    Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела

Поврзани објави