logo

Апел до јавноста во врска со иницијативите за амнестија за настаните од 27 април 2017

idscs logo mk web
Share on facebook
Share on twitter

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2021/11/project-2.png logo mk web

Институтот за демократија упатува апел до јавноста во врска со иницијативата за донесување на закон за амнестија од одговорност за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Овој настан беше насилен обид за спречување на промена на власта. Со иницијативата за амнестија се доведуваат во прашање, владеењето на правото, неприкосновеноста на туѓиот живот и демократските процеси.

Истовремено, намерите на еден ваков закон се во директна спротивност со заклучоците на Европскиот Совет во врска со Македонија.  Во заклучоците јасно се вели дека „ …одговорност за нападот на парламентот на 27 април мора да биде утврдена.“ Следствено, со оваа законска иницијатива директно се подриваaт шансите на Македонија за отпочнување на преговорите со оглед на тоа што свесно се оди против заклучоците на Советот.

Институтот за демократија ги повикува сите страни да водат сметка за државните стратешки интереси и иднината на Македонија. Обвинителството треба да поттикнува, а судовите да испорачуваат правда без оглед на текот на реформите. Ефикасна и неселективна правда за сите од страна на судскиот систем е главна задача за иднината на државата. Правдата доцни и  дополнително се отежнува од вакви законодавни иницијативи. Наместо амнестија, треба одговорност за сторителите, но и за организаторите на настаните на 27 април. Иницијативите за амнестија ги поткопуваат позициите на земјата во пресрет на отпочнување на преговорите за влез во ЕУ и ги обесхрабруваат правдољубивите граѓани.

Сите треба да бидеме одговорни и свесни дека вредностите кон кои се стремиме треба да бидат дел од нашата заедничка визија и делување кон подобро општество.

Институт за демократија

Поврзани објави