
Формирана е првата мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа со задача да ги набљудува темите кои се дел од Берлинскиот процес – SEE Think Net Network.
Мрежата е формирана во март од организации од шесте земји од Западен Балкан дополнети со Словенија и Хрватска со поддршка од Европскиот фонд за Балканот. Координатор на Мрежата ќе биде Институтот за демократија од Македонија, а нејзини членки се и Мрежата за европско движење од Србија, Фондацијата отворено општетство од Албанија, EU Policy Hub, Мрежата Политикон од Црна Гора, Центарот за безбедносни студии од Косово, Институтот за развој и меѓународни односи од Хрватска, Центарот за европска перспектива од Словенија и Аднан Ќеримагиќ од Босна и Херцеговина.
Целта на Мрежата е да придонесува со анализи и предлози за политики кон темите кои произлегуваат од Берлинскиот процес со што ќе придонесе кон информираната јавна дебата и носење на одлуки засновани на истражувања. Тоа ќе вклучува и следење на целиот процес одблизу и политиките на државите кои ги допираат темите од Берлинскиот процес. Мрежата до самитот на земјите од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Лондон планира да објави една анализа на јавни политики за Берлинскиот процес и европската перспектива на регионот која ќе биде промовирана на самитот во Кралскиот институт за меѓународни односни на 9 и 10 јули. Дополнително, Мрежата ќе изработи уште 5 други анализи кои ќе се однесуваат на миграцијата, безбедноста и владеењето на правото кои ќе се промовираат во Скопје, Белград и Тирана неделата пред почетокот на самитот во Лондон.
Настани поврзани со проектот
Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), координатор на Тинк Нет Мрежата на Југоисточна Европа (SEE Think Net), денеска во Министерството за надворешни работи го организираше настанот „Научени лекции од Познањ 2019: Во очекување на ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020“. Настанот, кој...
Во организација на EU policy Hub, на 20 јуни во Тирана се одржа регионалниот форум „Берлински процес: пред Самитот во Познан 2019″ поддржан од Вишеградски фонд на кој се презентираа документи за јавни политики во чиј фокус се владеење на правото и безбедносната соработка во регионот, подготвени од SEE...
Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) како дел од регионалната мрежа на граѓански организации и експерти за следење на Берлинскиот процес-SEE Think Net вчера во Скопје и Приштина го промовираше краткиот документ за јавни политики „Решавање на билатералните прашања во Западен Балкан: Улогата на Европската Унија и...
Регионалната мрежа на граѓански организации и експерти за следење на Берлинскиот процес- SEE Think Net на 20 и 21 мај, во Белград, Србија одржа работилница и стратешко планирање во рамки на проектот „Кон одржлива регионална соработка: Берлински процес и пошироко“, поддржан од Европскиот фонд за Балканот. За време...
Мрежата SEE Think Net Network беше воспоставена во втората половина на месец март оваа година, а за прв пат беше претставена на јавноста на 16-ти мај од страна на Зоран Нечев од ИДСЦС, координаторот на мрежата, на меѓународната конференција „Демократија која испорачува: Десет години отклучување на потенцијалот на Западен...
Мрежата SEE Think Net е основана во март 2018 со поддршка од Европскиот фонд за Балканот (European Fund for the Balkans) како прва регионална мрежа од граѓански организации чија цел е да ги набљудува областите поврзани со Берлинскиот процес. Мрежата ја сочинуваат тинк-тенк организации, граѓански организации и индивидуалци од...
Регионалната мрежа на граѓански организации и експерти за следење на Берлинскиот процес- SEE Think Net со своите анализи и препораки за политики даде придонес кон самитот во Лондон. Мрежата промовираше четири документи за јавни политики на настани и дебати во Скопје, Белград и Тирана една недела пред одржувањето на...
Берлинскиот процес може да им помогне на земјите од Западен Балкан во соработката во борбата против верскиот и етничкиот екстремизам кои некогаш се поддржани и од други земји. Процесот исто така е добра платформа за соработка околу усогласување на самата безбедносна инфраструктура на Балканот со онаа на Европската Унија....
Формирана е првата мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа со задача да ги набљудува темите кои се дел од Берлинскиот процес – SEE Think Net Network. Мрежата е формирана во март од организации од шесте земји од Западен Балкан дополнети со Словенија и Хрватска со поддршка од Европскиот...