spor

Во април 2018 година, МЦМС и ИДСЦС, со М-Проспект, спроведоа истражување на јавното мислење по четврти пат, а резултатите се презентирани во овој извештај. Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

Во извештајот „Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија“, прикажани се резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое МЦМС и ИДСЦС го спроведува по четврти пат, по 2010, 2011 и 2013 година. Истражувањето се состоеше од испитување на јавното мислење. Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета во периодот од 5 април до 20 април 2018 година, на репрезентативен примерок од 1.004 испитаници. Анкетата ја спроведе М-проспект, а истражувачи и автори на истражувањето се Сашо Клековски, Јасмина Михаиловска и Милош Јованов.

Извештајот е составен од вовед, вклучувајќи методологија, кратка историја за спорот, ставови на граѓаните за решение на спорот, националниот идентитет и други фактори кои влијаат на перцепциите за спорот, градење национален став, изјаснување на референдум, и очекувања за решение на спорот. На крај, извештајот завршува со заклучоци.

Ставот против каква било промена на името, по растот во 2013 година, на нивото од 2010 година. Еден од двајца граѓани (47,1%) се против каква било промена на името, што по растот во 2013 година (62,3%), е враќање на нивото од 2010 (48,4%) и од 2011 година (45,3%). Меѓу етничките Македонци, мнозинството (59,6%) се за никаква промена, што е намалување од 2013 година (79,7%). Најмалку прифатливо решение е „ерга омнес“, што е неприфатливо за 40,8% граѓани.

Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија