1.1

Што значи да бидеш кум“ во Црна Гора и Македонија, „драг брат“ во Финска или „помал роднина“ во Швајцарија? Како функционира „солидарноста“ во Германија или контрауслугите во Чиле и која е улогата на „блат“ односно мрежите на услуги и контра-услуги во Русија? Кои се неформалните практики со кои се заобиколуваат, дополнуваат или заменуваат формалните правила во општествата се присутни во сите земји во светот. Тие неформалности, семејни и општествени врски влијаат на развојот или ги поткопуваат и уназадуваат општествата и државите. Некаде прават разлика во подобрувањето на животот , но некаде ги ограничуваат поединците во носењето на одлуките, во однесувањето или во нивните права.

Ова се темите кои се обработени во првата енциклопедија на неформалноста, која е пиoнерски чекор на група истражувачи обединети во Глобалниот проект за неформалноста кој вклучува мноштво истражувања на „неформалноста“ во многу земји во светот, вклучително и на Македонија. Истражувањата навлегуваат и во сивите зона на неформалноста и нејзиното морално толкување во зависност од улогата на поединецот во системот на неформалноста. Постои поделеното разбирање што во еден случај е морално за еден , а неморално за друг поединец.

Двата дела на Глобалната енциклопедија на неформалноста вклучуваат над 1000 страници описи на неформални пракси, феномени и „институции“ од сите континенти и се дело на повеќе од 200 истражувачи. Енциклопедијата е презентирана пред македонската јавност во четвртокот во Националната и универзитетска библиотека во Скопје со видео обраќање на уредникот на изданието проф. Алена Леденева од University College London – UCL која е еден од водечките истражувачи на ова поле во светот.

Околу неформалностите во политичката, културната и економската сфера во Македонија дискутираа Миша Поповиќ и Борјан Ѓузелов од Институтот за демократија, Благица Петрески од Фајненс тинк и Љупчо С. Ристески – Институт за етнологија и антропологија, УКИМ.

Целосното издание е достапно бесплатно во електронски формат на англиски јазик на страницата на издавачот UCL Press.

Глобална енциклопедија на неформалноста