logo

Промовирани две публикации: Постои опасност од реформи без суштински промени во судството

Share on facebook
Share on twitter

1

Отсуствува јасна визија за тоа што и како треба да се реформира во судството. Политичката и институционална криза во во изминативе неколку години ги манифестираа сите слабости и недостатоци на уставниот и политичкиот систем. Прислушуваните разговори кои беа објавени укажаа на сериозни и загрижувачки недостатоци во функционирањето и управувањето со судството, а поврзани со политичко и партиско влијание, корупција, судски клиентелизам и слично.

Сепак и покрај сериозната состојба анализата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година покажува дека таа нема значително да ги подобри состојбите во овој сектор. Ова се дел од заклучоците од денешната презентација на двете анализи на авторот Денис Прешова, соработник на ИДСЦС, „Реформа на судството во Република Македонија: Промени без реформи?“ и „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ кои ги анализираат тековните реформи во правосудниот сектор и нивната усогласеност со приоритетите на ЕУ.

Стручен коментар на трудовите даде г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Двете публикации се дел од проектот „Perform on reform – Следење на реформскиот процес“ кој го спроведуваат Институт за демократија „Социетас цивилис“ и Фондација Конрад Аденауер.

Првата анализа преку ставање акцент на независноста на судствотото, ги посочува слабостите на Стратегијата и опстојувањето на досегашниот модел за заштита на независноста на судството преку кратка анализа на три аспекти на судските реформи.

Прво, анализата на Стратегијата укажа на отсуството на јасна визија за тоа што и на кој начин треба да се реформира
за да се постигнат суштински резултати.

Второ, критички осврт на наводно европските стандарди за независност на судството и модел на силни судски совети кои воопшто не ја рефлектираат генералната пракса во земјите на ЕУ ниту директно произлегуваат од правото на ЕУ.

Трето, посочување на негативните последици од воведување и инсистирање на силни судски совети и како истите добиваат своја манифестација во РМ, а особено прашањето на загрозувањето на индивидуалната независност на судиите. Врз основа на оваа анализа јасно се утврдува дека потребата од потемелен пристап во реформата на судството е повеќе од неопходна со цел остварување на одржливи реформи на подолг период, а не сведување на истите на промени без реформи.

2

Во втората анализа Прешова го обработува уставното судство во Република Македонија осврнувајќи се на потенцијалното позитивно влијание кое овој суд би можело да ја има врз судството, а низ призма на гореспоменатите судски реформи.

Тој наведува дека постојат повеќе од очигледни причини за воведување на крупни и суштински реформи на Уставниот суд. Тоа треба да биде остварено преку унапредување и зајакнување на поврзаноста на Уставниот суд со редовното судството преку двете надлежности и постапки кои се водат пред Уставниот суд. Преку конкретна контрола на уставноста и преку уставната жалба односно барањето за заштита на слободите и правата. На овој начин ќе се овозможи соработка и контрола над редовното судство која ќе биде насочена исклучиво за доследно почитување на владеењето на правото преку ефективна заштита на уставноста и законитоста и на правата и слободите во РМ.

„Реформа на судството во Република Македонија: Промени без реформи?“

„Уставниот суд изгубен во судските реформи“

Поврзани објави