Цели, специфични цели на проектот:  Набљудување и следење на исполнувањето на реформската агенда на Владата од Планот 3-6-9.

Времетраење на проект: 10 месеци

Донатор и партнери: Фондација Конрад Аденауер

Проектни активности и резултати:

  • Развивање на методологија за следење на реформскиот процес
  • Следење на реформскиот процес односно остварувањето на активностите кои се дел од реформската агенда План 3-6-9;
  • Објавување на извештаи со наоди од мониторингот на 3, 6 и на 9 месеци. Секој извештај се објавува откако Владата ќе го објави својот извештај за напредотокот во реформите. биде.

Настани поврзани со проектот

item

Панел дискусија: Граѓанските организации и експертите ќе бидат директно вклучени во пристапните преговори со ЕУ

Македонија во преговорите за приклучување кон Европската Унија ќе користи модел во кој се вклучени и граѓански организации и експерти надвор од капацитетите на државната служба. Структурата за преговорите ќе содржи 35 работни групи и е слична на моделот кој го воведе Црна Гора. Предвидено е за секоја од групите да бидат назначени посебни фондови...

item

Инфографик: Набљудување на спроведувањето на последните 3 месеци од План 3-6-9

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

item

Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Во таа насока 03-ти мај, 2018 година (четврток) со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо...

item

Извештај од набљудување на спроведувањето на реформите од План 3-6-9 во вторите 3 месеци

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС во соработка со фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологија развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Вториот извештај кој се однесува на вторите три месеци од спроведувањето на планот, e јавно презентиран на 5 март 2018, понеделник, во ЕУ Инфо...

item

Промовирани две публикации: Постои опасност од реформи без суштински промени во судството

Отсуствува јасна визија за тоа што и како треба да се реформира во судството. Политичката и институционална криза во во изминативе неколку години ги манифестираа сите слабости и недостатоци на уставниот и политичкиот систем. Прислушуваните разговори кои беа објавени укажаа на сериозни и загрижувачки недостатоци во функционирањето и управувањето со судството, а поврзани со политичко...

item

Инфографик: Следење на спроведувањето на реформите од План 3-6-9

Линк до инфографикот: 369_ver3_final’ Линк до целосниот извештај на македонски, албански и англиски јазик од следењето на спроведувањето на реформите: Следење на спроведувањето на реформите: „Трка на 3-6-9 со пречки“

item

Следење на спроведувањето на реформите: „Трка на 3-6-9 со пречки“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) поддржан од фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9, врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС според која се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Првиот извештај кој се однесува на првите три месеци од спроведувањето на планот, беше јавно презентиран на 28ми ноември, вторник, во ЕУ Инфо...

item

ИДСЦС ќе го набљудува спроведувањето на реформите

На Македонија и требаат многу реформи, кои ќе навлезат во суштината на наталожените проблеми и ќе се спроведат во блиска иднина. Од начинот и успехот во решавањето на прашањата наведени во реформските документи како „Итните реформски приоритети, „Извештајот на групата експерти предводени од Прибе“, владиниот „План 3-6-9“ и граѓанскиот „Предлог за итни демократски реформи“ зависи...