pol-misla

Објавено е новото издание на „Политичка мисла“. Пред вас е педесет и вториот број на списанието кое како и досега излегува во соработка на фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Насловот на ова издание е „Политички елити, граѓанство и општествени промени“. Во овој број, уредувачкиот одбор реши да направи исчекор во списанието кое сега ќе биде форматирано по урнекот на наjдобрите академски и аналитички списанија во областа на општествените науки. Имено, наместо тематски броеви, „Политичка мисла“ се отвора за формат кој нема да има вакво ограничување, туку има намера да опфати теми кои се актуелни во моментот во политичката теорија, општествените случувања или сродните области.

Така, ова издание опфаќа теми од идентитетските политики кои произлегуваат од пристапот кон археологијата како наука, либералната теорија, дипломатијата, меѓународните односи и организации, јавното мислење и теоријата на разрешување на конфликтите.

На следниот линк можете да пристапите кон целосното изданиа на Политичка мисла во кое се застапени следните текстови:

– „Меѓу класичната археологија и неоправославието – Трансформациите, идентитетите и предизвиците на политичките елити во современа Грција“ – Љубен Тевдовски;

– „Плурализмот на политичките процеси на државите и на заедниците со споделени вредности – Ветон Љатифи;

– „Македонија во 21 век: Општествени, политички и дипломатски прашања“ – Иванка Додовска;

– „Заборавените идеали: Манифестациите на елитизмот и на парохијализмот во контекст на Европската Унија“ – Горан Илиќ;

– „Перцепции на јавноста или манипулациите на елитите“ – Владимир Божиновски;

– „Курдите во Турција, за природата и предизвиците на еден социо-економски и геополитички конфликт“ – Ирена Рајчиновска Пандева.

Политичка мисла: Политички елити, граѓанство и општествени промени