logo

Краток документ за јавни политики: Каде и како се трошат средствата за невладините организации

Share on facebook
Share on twitter

brif

Кратката студија на јавна политика е произлезена како резултат на истражувањето кое се спроведе во 10 единици на локална самоуправа во град Скопје, вклучително и градот Скопје. Истражувањето се одвиваше во рамки на проектот „Проект 463: Мониторинг на трансферите до граѓанските организации на локално ниво“ кој Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го спроведува со поддршка на Метаморфозис, Фондација за интернет и општество и Британската амбасада во РМ.

Оваа кратка студија на јавна политика ги сумира и прикажува примарните и секундарни податоци собрани преку тримесечно истражување остварено во 10 општини во рамки на град Скопје, вклучително и град Скопје.
Примарната цел на овој документ е да го анализира процесот на доделување на средства од страна на општини кои се евидентираат преку ставката 463 – Tрансфери до невладини организации.

Во тој дел, документот опфаќа три фази во процесот на доделување на средства кон граѓанските организации. Прво, ги разработува предизвиците и воспоставените практики во програмирањето на средствата. Второ, начинот и ефективноста при распределбата на средствата (типот на организации – корисници, типот на поддржани проекти, реализација на средства). Финално, документот ја анализира и транспарентноста на општините низ сите овие фази во процесот на доделување на средства кон граѓанските организации.

За конкретни наоди за тоа како општините ги трошат парите и какви активности финансираат со нив погледнета ја целосната студија достапна на македонски и албански јазик:

Краток документ за јавни политики: Ставка 463 – Каде и како се трошат средствата за невладините организации

Dokument i shkurtër për politikat publike: Zëri 463 – Ku dhe si shpenzohen mjetet për organizatat joqeveritare? 

Поврзани објави