Иако ги проучуваме неформалните институции, ние на нив не гледаме како на „примордијални“ или како на резултат на „непроменливите“ култури на балканските општества. Напротив, сметаме дека во секој циклус на важни промени во овие општества доаѓа до специфично вкрстување на формалните и неформалните институции кои заеднички го регулираат социјалниот живот.

Сметаме дека овие „нови“ пост-социјалистички неформални институции делумно се обликувани од културните традиции, делумно од искуствата од социјалистичкиот период и најмногу од прилагодувањето, спротивставувањето и избеднувањето на формалните правила на настапувачката игра дефинирана од неолибералните политики и политиките на европеизацијата.

Ние не тврдиме дека неформалноста нужно имплицира непожелност и штетност. Некои неформални практики и институции служат како пример за вистински човечки искуства. Неформалните правила се неопходни за доброто функционирање на институциите. Најважното прашање е дали формалните и неформалните правила се во меѓусебна хармонија или не. Почетната претпоставка, од повеќе причини, е дека како земјите од Западен Балкан се приближуваат кон Европската Унија, парадоксално јазот помеѓу формалните и неформалните институции не се намалува туку се зголемува. Тоа претставува клучен предизвик за нивната европска интеграција.

Предраг Цветичанин, Центар за емпириски истражувања на културата, раководител на работна група за собирање и обработка на емпириски податоци.

bilten

 

bilten

На следните линкови можете да го прочитате првиот Билтен од активностите во проектот Информ достапен на англиски јазик:

Информ Билтен #1

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје како дел од конзорциумот на универзитети и организации предводен од Универзитетскиот Колеџ Лондон спроведува меѓународен научно-истражувачки проект „ИНФОРМ: Намалување на јазот помеѓу формалните и неформалните институции на Балканот“ [во оригинал: INFORM: Closing the Gap Between Formal and Informal Institutions in the Balkans“] дел од програмата на ЕУ ХОРИЗОНТ 2020.

Главниот фокус на ова истражување е интеракцијата помеѓу формалните институции, од кои поголемиот дел беа создадени или беа изложени на промени како дел од процесот на ЕУ интеграција, и неформалните институции во процесот на институционализација на правилата и регулативите на ЕУ во општествата од Западен Балкан. Клучното истражувачко прашање е до кој степен хармонизацијата и транспозицијата на правилата и прописите на ЕУ во националните правни, политички и економски системи водат до значителни промени во пракса и процедура или, пак, до кој степен увезените правила стануваат „празни школки“ со мало влијание во општествениот живот.

За повеќе податоци околу проектот и активностите од Информ посетете го следниот линк:

„ИНФОРМ: Затворање на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“