нститутот за демократија „Социетас цивилис“ на собранието на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата е избран во следните три години да ја администрира работата на ова тело во кое членуваат 15 граѓански организации. Тоа значи дека во следниот период во ИДСЦС ќе биде сместен секретаријатот на Платформата.
Платформата е формирана во 2014 во рамки на УСАИД програмата за борба против корупцијата. Таа цели кон проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата.
sek-1
Од своето основање Платформата ги следи и анализира правната рамка и актуелните јавни политики и активности за сузбивање на корупцијата.
На следниот линк се достапни досегашните реакции и настани поврзани со претходните активности на Платформата: